11 знаци дека вашиот пријател е токсичен за вас
Постојано драматизираат, зборуваат за себе, очекуваат да ги тешите 24/7 и прават да се чувствувате лошо. Стоп за токсичните пријатели!
Дозволувањето на погрешни луѓе да бидат дел од вашиот живот знае навистина да ви ја исцеди енергијата и да ве онерасположи.
Покрај љубовните врски, и пријателствата со одредени луѓе може да бидат токсични. Психологот и терапевт Перпетуа Нео вели дека постојат некои сигнали кои посочуваат дека вашето пријателство не е здраво.
Сигнали по кои ќе ги препознаете токсичните пријатели:
Постојано прават драми - Постојано се караат со некој, предизвикува проблеми или неверојатни работи му се случуваат само нему.
Сè се врти околу нив - Никогаш не ве слушаат вистински и чекаат да дојде ред повторно да го свртат разговорот на нив.
Не говориме за емпатија и кога сакате да споделите со некој слично искуство, туку за луѓе на кои омилената тема им е говорењето за себеси.
Ве онерасположуваат - Никогаш не ви даваат комплименти, ниту ви ги честитаат успесите.
Со нив не сте среќни и не се чувствувате добро, дури како да ви ја цедат енергијата.
Се натпреваруваат со вас - Унапредување на работа, партнер или нов спорт, тие не сакаат да постои област во која вие ќе бидете подобри од нив.
Тајно ве копираат - Користат исти жаргонски зборови како вас или купуваат исти чевли. Љубоморни се и кога сте подобри од нив дури како да сакаат да ви го украдат идентитетот.
Ги преминуваат вашите граници - Немаат почит за вашето време и простор и често прават работи за кои јасно сте им нагласиле дека ви даваат чувство на некомфорност.
Опсесивни се кон вас - Постојано ви телефонираат и пишуваат, дури и кога ќе им кажете дека сте зафатени. Сакаат целото ваше време да им биде посветено на нив.
Љубоморни се на другите ваши пријатели - Ги критикуваат другите ваши пријатели и сакаат да ве изолираат од нив.
Екстремно се љубоморни и често ви кажуваат дека вие сте единствената личност за која се грижат.
Се чувствувате одговорни за нив - Тие се полни со приказни за тоа колку им е тежок животот, па вие мора постојано мора да сте им рамото за плачење и светлината која им го покажува патот.
Лажат за да стекнат симпатии - Нивната хаотична природа ги тера дури и по цена на лажење да бидат во фокусот на вниманието.
Понекогаш дури и се повредуваат себеси за да побудат емоции кај вас.
Чувствувате дека нешто не е во ред - Не знаете што е точно, но како вашата ментална енергија да се троши интензивно кога тие ви се во близина.
Вашето тело ве предупредува дека тие се неволја за вас.
С. С. | Црнобело