Приказната на Денис Давитковски, Македонец кој студира Драмски Уметности на чешки јазик во Прага

Следењето на сопствениот глас секогаш отвора нови врати во животот.

denis davitkovski sakav da gi prodolzam studiite tamu kaj sto teatarot zivee 6

Денис Давитковски (23) од Куманово, по своето дипломирање на актерска игра на Универзитетот за Аудиовизуелни Уметности, ЕФТА решава да го продолжи своето образование во Чешка.

Самата помисла дека во Прага има преку 50 театри и секојдневно се изведуваат секакви перформанси и претстави го доведе Денис до ДАМУ - Факултетот за Драмски Уметности.

„Прага ја имав посетено еднаш за време на екскурзија во средношколските денови“, раскажува Денис Давитковски. „Уште од тогаш ми остана во глава стариот град, готскиот стил и посебно уметноста со куклениот театар. За време на студиите во Македонија имав можност да бидам дел од повеќе европски театарски фестивали и мислам дека еден ден на фестивалот во Будимпешта, кај што гостувавме со претставата Вечната Куќа, бев цврсто решен дека моите студии продолжуваат некаде кај театарскиот свет живее. За Прага не бев цврсто решен туку-така, една година запишав курс на чешки јазик и имав доволно време да видам каков е животот тука и како живее театарот“.

Пред да замине од Македонија, Денис имал секакви очекувања за кои не ни помислувал дека ќе му се исполнат.

denis davitkovski sakav da gi prodolzam studiite tamu kaj sto teatarot zivee 1

„Една од нив, секако беше да бидам примен на ДАМУ, а бидејќи студиите се прескапи си имав потајна желба да ги продолжам студиите на чешки јазик“, открива Денис. „Со малку повеќе труд и со мојот „чехо-англиски“ ме префрлија во чешка класа од овој семестар. Едвај чекам да видам како ќе се снајдам, ова е огромен предизвик за мене“.

За релативно кратко време Денис се вклопил во средината каде што работите се одвивале многу брзо. Можеби четирите месеци поминати во Америка му помогнале посилно да се постави спрема предизвиците во животот.

denis davitkovski sakav da gi prodolzam studiite tamu kaj sto teatarot zivee 4

„Наставата тука се одвива секој работен ден од наутро, па сè до вечер, каде поголемиот дел е практичен“, се изјаснува Денис, на кого му се допаѓа нивниот континуитет и желба за работа. „Постојат доста сличности и разлики помеѓу образованието што го имам во Прага, и она низ кое поминав во Скопје. Тука постојано има секакви фестивали и работилници на кои ние, студентите, може да учествуваме.

Имаме можност да изнајмуваме простории на факултетот и да подготвуваме секаков вид перформанси и истото да го покажеме пред јавноста. Имаа отворен репертоар за студентски претстави, кој ни овозможува да имаме увид со она веќе сработеното.  

Младиот актер ни открива дека во Прага постојано се одвиваат аудиции, без разлика дали станувало збор за студентски проект или нешто поголемо. Работилниците водени од маестрални луѓе од светот на театар и филм, од кои е дел и Денис, му се омилените.

denis davitkovski sakav da gi prodolzam studiite tamu kaj sto teatarot zivee 5

После секоја работилница станува свесен за сите можности што му се нудат.

Денис во моментот игра во студентската претставата Serve the people со режија на Ран Јиао, а исто така е дел од неговата прва монодрама Дневникот на Лудиот, која во блиска иднина ќе ја изведе пред публиката во Прага.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
10 работи кои ако сте ги постигнале во животот - значи дека сте успеале Ако можете самоуверено да кажете „не“ во ситуации кога тоа е потребно, сте совла...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg