Работи кои секоја девојка треба да ги знае за себе и своето тело
Девојките честопати знаат да го критикуваат својот изглед и недостатоци, без притоа да се свесни и да го ценат она што го имаат на себе.
Тие им љубоморат или го посакуваат изгледот на други девојки, но треба да бидат среќни со себе, да го сакаат своето тело, а пред сè и себеси.
Сте помислиле ли некогаш дека можеби некој друг го посакува она што вие го имате кај себе, а не го сакате?
Понекогаш во животот треба поразлично да гледате на работите, па прочитајте ги овие основни работи кои секоја девојка треба да ги знае за себе и своето тело:
1. Некој би бил пресреќен да има некој дел од вашето тело кој вие не го сакат е на себе.
2. Не е можно да се здебелите 5 килограми преку ноќ само затоа што ќе изедете едно парче торта.
3. Сите мислат дека нивните стапала изгледаат чудно.
4. Секој кој прави да се чувствувате лошо со вашето тело е искомплексирана личност.
5. Кога се чувствувате одлично, тогаш и изгледате одлично.
6. Верувајте му на вашето тело кога покажува дека му е потребна храна и јадете.
7. Има денови кога ќе бидете прегладни ќе јадете без престан, а ќе има и такви кога нема воопшто да чувствувате глад – сосема нормално.
8. Тоа што сте природно слаби, не значи дека не треба никогаш да вежбате.
9. Никој не обрнува толку внимание на тоа какво ви е телото, колку што вие самите го правите тоа.
10. Ако на некој дечко не му се допаѓа вашето тело, не значи дека треба да го промените за него, туку дека тој не е за вас.
11. Грижете се за себе, своето здравје, изглед и овозможувајте му на телото доволно сон.
12. Сакајте се себеси.
М. М. | Црнобело