Како ќе изгледа Земјата по 1.000 години?
Никогаш не можеме да бидеме сигурни што ни носи иднината, но прогнозите на научниците за иднината на човештвото дефинитивно не се светли.
Многу познати научници тврдат дека човештвото може да опстане уште само 1.000 луѓе, освен ако луѓето не си заминат од Земјата.
Дел од највозбудливите предвидувања како ќе изгледа светот за 1.000 години:
Луѓето ќе живеат 1.000 години
Милијардерите веќе инвестираат милиони за да го сопрат стареењето комплетно. За 1.000 години можеби ќе биде откриена состојка која ќе спречи ткивата да стареат.
Контролата на гените и правењето на луѓето имуни на болести е тоа што ни претстои.
Луѓето ќе се преселат на друга планета
Единствен начин човештвото да преживее е да пронајде нов дом.
Мисијата SpaceX на Илон Маск има за цел колонизирање на Марс. Ракети веќе пробно се лансираат.
Сите ќе изгледаме исто
Во далечна иднина кај луѓето ќе се развие поголемо чело, пошироки ноздри, поголеми очи и кожа со повеќе пигмент.
Научниците веќе работат на тоа родителите да може да изберат како ќе изгледаат нивните деца.
Ќе има супербрзи интелигентни компјутери
Во 2014 година компјутерите изведоа најточна симулација на човековиот мозок досега. За 1.000 години компјутерите најверојатно ќе го надминат капацитетот на човековиот мозок.
Тие ќе развиваат нови ефикасни лекови, ќе дијагностицираат болести, ќе го засилат истражувањето на вселената и ќе им помагаат на автомобилите да возат самите. Исто така, ќе бидат голема опасност за приватноста на информациите на луѓето.
Луѓето ќе станат киборзи
Машините веќе може да го подобрат слухот и видот на луѓето. Научниците развиваат бионички очи за да им помогнат на слепите луѓе да гледаат.
Миксот на човековиот ум со компјутерите за 1.000 години ќе креира супермозок кој ќе изведува комплексни задачи и ќе пребарува на интернет само со помисла.
Масовното истребување е на пат
Последното масовно истребување ги избриша диносаурусите од лицето на Земјата. Едно истражување откри дека истребувањето на видовите во 20-тиот век било 100 пати повисоко од тоа што би било нормално без човеково влијание.
Само намалувањето на бројот на луѓето може да направи цивилизацијата да опстане.
Ќе зборуваме ист глобален јазик
Лингвистите предвидуваат дека за 100 години од сега 90 проценти од јазиците ќе исчезнат поради миграцијата и тие што ќе останат ќе бидат поедноставени.
Најверојатно во иднина ќе се говори еден глобален јазик.
Нанотехнологијата ќе ги реши кризите со енергијата и загадувањето
За 1.000 години од сега нанотехнологијата ќе може да ги чисти водата и воздухот, да ја намалува штетноста на луѓето врз околината, да ја користи во голема мера енергијата од сонцето.
Ќе имаме нови еко пријателски материјали и поефикасна технологија за складирање на енергијата.
С. С. | Црнобело