Македонија низ очите на странец: Ако сакате да јадете надвор од дома, ова е местото каде треба да живеете

Џонатан, човекот кој се потпишува зад оваа сторија посветена на нашата малечка Македонија, ја прикажува точната слика за животот тука.

makedonija-niz-ocite-na-stranec-ako-sakate-da-jadete-nadvor-od-doma-ova-e-mestoto-kade-treba-da-ziveete-01.jpg

Текстот е оригинално објавен на странскиот сајт Lifestyleupdated, а во продолжение ви ги пренесуваме најинтересните делови за нашата земја низ очите на еден странец:

Откривање на Македонија

Со клима многу блиску до медитеранска, гостопримливи луѓе, смешно ниски цени, шарена храна и привлечна природа, Македонија е сместена во центарот на Балканскиот Полуостров.

Трошоците за живот во Македонија

Кога се работи за трошоците за живот, мерено од долната страна на листата, Македонија е некаде помеѓу првите 20-30 земји во светот.

Лесно може да се преселите во Македонија и да живеете одличен живот со потпросечна Американска плата. Дури и со најниската плата во САД може да живеете комфорно во главниот град Скопје.

Просечната македонска плата е околу 400 до 600 долари (зависно која статистика ќе решите да ја следите).

makedonija-niz-ocite-na-stranec-ako-sakate-da-jadete-nadvor-od-doma-ova-e-mestoto-kade-treba-da-ziveete-06.jpg

Животот во Македонија

Иако 30% од населението е невработено, луѓето се снаоѓаат. Некои одлучуваат да работат во странство неколку месеци за да ги издржат семејствата, додека други решаваат да преживеат надвор од „радарот за регулација.“

Има голем број на лица кои работат во јавниот сектор. И додека многу од нив се вистински професионалци, постојат и такви кои имаат многу полежерен пристап кон своето работно место.

Сонцето свети околу 300 дена во годината, па забавата надвор од дома е загарантирана – паркови, долги патеки за трчање и уште многу природни убавини на кои може да сметате.

Времето поминува најбрзо покрај добра храна и одлично вино. Ако сакате да јадете надвор од дома, ова е местото каде треба да живеете.

makedonija-niz-ocite-na-stranec-ako-sakate-da-jadete-nadvor-od-doma-ova-e-mestoto-kade-treba-da-ziveete-07.jpg

Скопје – главниот град на Македонија

Како центар на едукацијата, бизнисот и администрацијата, Скопје е дом на една третина од населението. Инфраструктурата се проширува со цел да привлече повеќе луѓе и градот личи на соодветна метропола.

Заради контроверзната архитектура со мега пропорции, Скопје е исто така познат како градот на кичот. За среќа, само одредени делови се зафатени со амбициозниот проект, претежно центарот.

makedonija-niz-ocite-na-stranec-ako-sakate-da-jadete-nadvor-od-doma-ova-e-mestoto-kade-treba-da-ziveete-03.jpg

Сè на сè, работите не се толку лоши. Јавниот превоз функционира одлично, а велосипедските патеки ги има на поголемиот дел од урбаниот простор.

Самиот град, покрај пристапните забавни и културни настани, нема што многу да понуди. Храната и локално произведениот алкохол се секогаш тука, но за мене лично, тоа не значи многу. Ако живеете здрав живот, шолја чај и долга патека за трчање покрај Вардар е она што може да очекувате од метрополата.

makedonija-niz-ocite-na-stranec-ako-sakate-da-jadete-nadvor-od-doma-ova-e-mestoto-kade-treba-da-ziveete-02.jpg

Важно да знаете, исто така, дека во зима квалитетот на воздухот е неподнослив.

Целото претставување на Македонија, Скопје и околината, како и нашите природни убавини Матка, Берово, Охрид, погледнете го во оригиналната верзија.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg