9 навики на луѓето кои секогаш се правдаат дека „немаат среќа во животот“

Колку пати во животот сте имале разговор кој завршил со „едноставно не ми се посреќи?“ Ако одговорот е многу пати, време е за освестување.

9-naviki-na-lugjeto-koi-sekogas-se-pravdaat-deka-nemaat-srekja-vo-zivotot-001.jpg

Секој човек е директно вклучен во креирање на својата животна патека, па ниту среќата, ниту несреќата не би требало да го извадат од колосек.

Постојат 9 навики кои им се заеднички на луѓето кои постојано се жалат и правдаат дека едноставно среќата не е на нивна страна.

Проверете дали спаѓате во оваа група:

1. Постојано некој друг ви е виновен за вашиот неуспех

Не добивте унапредување или покачување затоа што шефот ве мрази? Девојката/дечкото ве одби затоа што е глупав/а? Постојано светот како е против вас!

Не. Вие сте сами против себе со овие „оправдувања.“

9-naviki-na-lugjeto-koi-sekogas-se-pravdaat-deka-nemaat-srekja-vo-zivotot-1.jpg

2. Споредување со туѓите успеси и неуспеси

Единствената споредба која треба да ја правите е споредбата со вашата верзија од порано - колку сте напреднале од пред 1, 5 или 10 години?

9-naviki-na-lugjeto-koi-sekogas-se-pravdaat-deka-nemaat-srekja-vo-zivotot-2.jpg

3. Не верувате во себе

„Ова едноставно не е за мене“ и „Ако не живееш богато, не можеш да успееш со почнување од нула“ се изговори кои ги користат луѓето кои се плашат да почнат од некаде.

9-naviki-na-lugjeto-koi-sekogas-se-pravdaat-deka-nemaat-srekja-vo-zivotot-3.jpg

4. Лабилни сте и ниту една одлука не ви трае долго

Лицата кои живеат несреќен и неуспешен живот најчесто ќе ги препознаете по честото менување на мислења, интереси, принципи на живеење. На пример, денес може да бидат вегани, а утре да раскажуваат како месото е неопходно за нормално функционирање на телото.

9-naviki-na-lugjeto-koi-sekogas-se-pravdaat-deka-nemaat-srekja-vo-zivotot-4.jpg

5. Не комуницирате и не одржувате врски со другите луѓе

Оние ко избегнуваат одговорност за сопствената среќа, не знаат како да одржат здрава комуникација. Доколку не можете да го проширите кругот на познанства, време е да се запрашате каде грешите.

9-naviki-na-lugjeto-koi-sekogas-se-pravdaat-deka-nemaat-srekja-vo-zivotot-5.jpg

6. Склони сте на одложување

Секој неуспешен човек е склон на одложување - без разлика дали се работи за важни состаноци, деловни или приватни обврски. Во овој случај може да ви помогне прашањето „Што ќе правев ако денес ми беше последен ден од животот?“

9-naviki-na-lugjeto-koi-sekogas-se-pravdaat-deka-nemaat-srekja-vo-zivotot-6.jpg

7. Не прифаќате различни гледишта и мислења

Луѓето кои „не се родени под среќна ѕвезда“, обично сами ја предизвикуваат несреќата преку тоа што се убедени дека знаат апсолутно сè и не оставаат простор за другите да го искажат своето мислење.

9-naviki-na-lugjeto-koi-sekogas-se-pravdaat-deka-nemaat-srekja-vo-zivotot-7.jpg

8. Живеат по правилото „колку поевтино – толку подобро“

Веќе добро е познато дека сиромавиот плаќа дупло повеќе. Па, внимавајте на што штедите, за да не мора да се жалите како парите ви отишле во воздух.

9-naviki-na-lugjeto-koi-sekogas-se-pravdaat-deka-nemaat-srekja-vo-zivotot-8.jpg

9. Слободното време го пополнуваат со трачеви

Желбата за озборување произлегува од незадоволството со сопствениот живот и тоа е единствената работа која треба да ја знаете следен пат кога ќе решите да озборувате како некој е „неспособен“, „грозен“ или „мрзелив.“

9-naviki-na-lugjeto-koi-sekogas-se-pravdaat-deka-nemaat-srekja-vo-zivotot-9.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg