Една година од животот им поминува во „фантазирање“ за жени: Работи кои не сте ги знаеле за мажите
Кога станува збор за разликите помеѓу мажите и жените, секогаш сме заинтересирани да дознаеме нешто плус.
Но, колку од работите се всушност вистина? Кој живее подолго, кој повеќе се грижи за себе, кој на што размислува и слично?
Па, доколку ве интересираат и вас овие разлики и карактеристики што ги одвојуваа мажите од жените, во продолжение ќе дознаете многу повеќе.
Вистинити факти за мажите кои тие ги кријат од сите:
Ноќните мори на мажите се големи катастрофи
Смрт, здравствени проблеми и лични проблеми се најчестите теми на соништата и кошмарите на мажите.
Како што постои општа разлика помеѓу соништата на мажите и жените, така постои и разлика во кошмарите на двата пола.
Па така, мажите се будат од кошмари поврзани со големи природни катастрофи, поплави, земјотрес, или војни.
Мажите се наведнуваат за да земат нешто од земја
Дали сте забележале дека кога мажите сакаат да земат нешто од доле, само се наведнуваат, а жените клекнуваат?
Секако, ова не важи баш за сите, но ова е типично однесување и реакција кај повеќето луѓе.
Можеби тоа е така заради тоа што жените често не носат удобна облека во која може да се наведнат, па целосно клекнуваат.
Мажите не се толку ограничени во тој поглед, па можат безгрижно да се наведнат.
Мажите сакаат жени со здрава тежина и изглед
Во едно истражување е докажано дека мажите сакаат пополни жени кои изгледаат здраво, односно кои имаат нормална тежина.
Ова значи дека не ги привлекуваат девојки кои се преслаби, туку жени со нормална висина и тежина.
Мажите се обидуваат да привлечат внимание на девојка со палците на колан
Кога мажот сака да ѝ покаже на жената дека се интересира за неа и сака да ја привлече, тој несвесно зазема став во кој покажува дека е силен и храбар.
Најчесто мажите ги ставаат палците на коланот од нивните панталони, а слична навика имале и луѓето во античкиот период.
Мажите, обидувајќи се да ја придобијат жената, посочуваат кон тој дел од телото, но за да не биде вулгарно, палците ги ставаат на коланот.
Мажите преферираат комплименти од мажи
Постои верување дека мажите со задоволство ги прифаќаат само комплиментите од спротивниот пол.
Но, всушност, тие се позадоволни кога ќе слушнат пофалба и комплимент од други мажи, а тоа повеќе им ја зголемува самодовербата.