Највлакнестиот човек на светот испраќа моќна порака (видео)
Го нарекуваат „Човекот Волк“ затоа што 98% од неговото тело е покриено со влакна, но тој живее сосема нормален живот и ја прифаќа својата состојба.
Лари Гомез е највлакнестиот човек на светот. 98% од неговото тело е покриено со влакна.
Нема влакна само на стапалата и дланките.
Тој страда од ретко генетско нарушување (congenital generalised hypetrichosis) кое предизвикува претерано растење на влакната. Ова нарушување го имаат помалку од 100 луѓе во светот од кои дел се членови на семејното стебло на Лари.
Благодарение на влакнестото лице Лари го добил прекарот „Човек Волк“ (Wolf Man). Но, иако понекогаш слуша злобни коментари за својата состојба, тој е позитивен и им порачува на сите да ги прегрнат различностите.
Уште како дете бил исмеван, но го прифатил својот изглед и се има појавено и во низа реклами и филмови.
Се бричи еднаш месечно, но неговите влакна растат со неверојатна брзина.
Сепак, дека состојбата не го спречува да води нормален живот докажува и фактот што ужива во семејната хармонија со сопругата Алисија Мартинез со која го имаат синот Мајкл. Синот на Мајкл не го наследил нарушувањето на Лари.
Во семејството на Лари уште тројца членови страдаат од истата состојба.
Погледнете го видеото за инспиративниот Лари, кој порачува дека мора да ги прифатите различностите:
;
С. С. | Црнобело