Стискање „snooze“ на алармот: За кои навики 6 часа неделно минуваме во чувство на вина?
Дали и вие некогаш правите работи за кои подоцна се каете и имате чувство на вина?
Истражување направено на 2.000 возрасни испитаници во Велика Британија откри дека просечен човек минува 6 часа и 36 минути неделно со чувство на вина.
Прекинување на диета, неплаќање на сметките, случајно навредување некого, запоставување на пријателите, недоволно чистење на домот, озборување, лажење на партнерот, минување на денот во пижами, заборавање на манирите, стискање „snooze“ на алармот, преправање дека работиме, причините се тон.
Истражувањето спроведено од „Intrepid Travel“ исто така открива дека дел од возрасните поради чувството на вина потоа намерно прават добри дела и се трудат да си ги поправат грешките, па така 48% од нив изјавиле дека имаат мирна совест.
„Нашето истражување покажа дека луѓето се свесни за нивните лоши навики и однесување и пронаоѓаат начини да се искупат за тоа“, изјави лидерот на истражувачкиот тим Том Смит.
Вие за која навика чувствувате најмногу вина?
С. С. | Црнобело