9 работи по кои мажите и жените целосно се разликуваат
Многупати сме докажале дека мажите и жените се два различни света, но никогаш не е доста од повеќе факти.
Психолошки гледано, тие сосема различно гледаат на работите и имаат целосно различни карактеристики.
Зборуваат различно, се облекуваат различно, им се случуваат различни работи...
Погледнете по што сè се разликуваат мажите и жените:
Мажите се склони на ризик повеќе од жените, бидејќи жените се повнимателни во многу ситуации.
Жените јадат околу 2 kg кармин во целиот животен век, преку храна и пијалаци.
Мажите се облекуваат од долу-нагоре, а жените од горе-надолу. Сте забележале ли некогаш?
Жените обожаваат да готват за мажот, бидејќи сакаат да ги покажат домаќинските способности.
Жените вложуваат многу труд кога одат по скали со штикли, а мажите забележуваат колку внимателно тие го прават тоа за разлика од нив.
Очекувано, мажите и жените се ракуваат различно - кога двајца мажи се ракуваат, тие ги стискаат дланките и прават мало движење.
Но, кога жена се ракува со маж, таа само нежно ја подава раката и нема дополнителни движења.
Жените ги „фаќа“ алкохолот многу побрзо од мажите, бидејќи нивното тело полошо се справува со алкохолот.
Односно ензимот кој го уништува алкохолот пред да навлезе во крвта кај нив се лачи во помали количини отколку кај мажите.
Жените имаат подобро сетило за мирис, па токму поради тоа тие многу повеќе сакаат цвеќиња и мирисливи работи за разлика од мажите.
За разлика од машкото, женското тело се менува многу почесто низ текот на времето и годините.
Во процесот на растење, кога девојчето ќе стане девојка, колковите почнуваат да се заоблуваат и шират.
М. М. | Црнобело