25 непријатни промени кои треба да ги направите во 20-тите за понатаму да живеете посреќно

Среќниот живот не се должи на „раѓање под среќна ѕвезда“. Такво нешто не постои. Постои само упорност која нè тера да излеземе од комфорната зона во која сме предолго. Доколку ја послушаме во 20-тите години, понатаму животот станува поквалитетен.

25-neprijatni-promeni-koi-treba-da-gi-napravite-vo-20-tite-za-ponatamu-da-ziveete-posrekjno-001.jpg

Па, доколку сте во 20-тите, погрижете се на време да ги направите следниве промени.

Дури и да сте ги одминале 20-тите, никогаш не е доцна. Важно е да почнете од некаде.

1. Почнете да правите повеќе работи сами, дури и да не сакате.

2. Почнете да признавате кога не сте во право. Не е лесно, но е од исклучителна важност.

3. Поставувајте тешки прашања. Дури и оние на кои не сте сигурни дека сакате да им го знаете одговорот.

4. Престанете да губите време на сожалување и драма. Имате доволно реални проблеми.

5. Прифатете дека изливот на емоции и бес нема да ви помогне да стигнете некаде или да направите нешто побрзо.

6. Започнете да прифаќате големи ризици.

7. Почнете да штедите пари, под итно.

25-neprijatni-promeni-koi-treba-da-gi-napravite-vo-20-tite-za-ponatamu-da-ziveete-posrekjno-2.jpg

8. Повеќе читајте. Поставете си предизвик да исчитате барем една книга месечно.

9. Усовршете ја способноста на сослушување. Бидете присутни кога некој друг ви зборува.

10. Собирајте повеќе искуства, отколку материјални предмети.

11. Креирајте распоред или рутина. Продуктивноста нема да опстои сама од себе.

12. Сфатете дека мамурлакот не е добар начин да го почнувате секој викенд. Си трошите скапоцено време.

13. Поставувајте повеќе долгорочни цели и планови, со временски рок до кога треба да ги исполните.

14. Будете се неколку минути порано.

15. Кажувајте ја вистината, дури и кога е тешко и кога гласот ви трепери од страв.

16. Прекинете контакт со токсичните луѓе во вашиот живот. Ова е веројатно најголемиот предизвик кој ќе предизвика најголеми промени во вашиот живот.

25-neprijatni-promeni-koi-treba-da-gi-napravite-vo-20-tite-za-ponatamu-da-ziveete-posrekjno-3.jpg

17. Научете да ги прифатите туѓите гледишта кои се разликуваат од вашите, без да се расправате и нервирате.

18. Научете да сочувствувате. Емпатијата е клучна за здрави конекции во животот.

19. Правете непријатни постапки кои ќе ви откријат кои сте и какви сте навистина. Предизвикувајте се себеси.

20. Застанете исправено за она во кое верувате. Дури и ако повеќето се против вас.

21. Научете да кажете не. Јасно и гласно. Без двоумење.

22. Патувајте! Тоа е најлесниот начин да ги „отворите очите пошироко“.

23. Разберете и прифатете дека не сите имаат подеднакво големо срце како вашето.

24. Прифатете и дека понекогаш работите едноставно не требало да функционираат така како што сте замислиле.

25. Продолжете да се туркате надвор од вашата комфорна зона.

25-neprijatni-promeni-koi-treba-da-gi-napravite-vo-20-tite-za-ponatamu-da-ziveete-posrekjno-1.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg