Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Емотивни исповеди и совети: „Најлошиот ден во животот ми беше кога...“

Загуба на сакана личност или нереализирани желби, секој од нас некогаш се чувствувал неутешно.

emotivni-ispovedi-i-soveti-najloshiot-den-vo-zivotot-mi-beshe-koga-01.jpg

Секој од нас имал мигови од животот кога проблемите и пречките му изгледале ненадминливи.

Очај, страв, болка, тага, сето тоа измешано ве турка на креветот и ви прави тешкотија да станете од него. Не ве интересира светот, повеќе ништо нема смисла...

Но, знаете ли дека само храбрите ја пронаоѓаат својата среќа?

Сета болка мора да ја оставите зад себе и да продолжите понатаму.

Неколку луѓе открија кој бил најлошиот ден во нивниот живот:

„Момчето што го обожавав ме откачи. Повраќав од што плачев толку многу. Не јадев ништо неколку дена, навистина немав апетит од тага.“

Не грижи се, треба да бакнеш неколку жаби додека да дојде принцот.

„Имав 18 години и играв кошарка. Требаше да го дадам решавачкиот кош на натпреварот и утнав. Го изгубивме мечот. Најлош ден ми е затоа што моите пријатели постојано ме потсетуваат на тој ужасен миг.“

Не грижи се, другите што не се ни осмелиле да фрлаат утнале 100%, ти барем имаше 50% шанса да погодиш.

„Мојот најлош ден? Интервју за работа што очајно сакав да ја добијам. Отидов со температура, течење на нос, кашлица. Не треба да кажам дека не ме вработија, нели?“

Замисли да те вработеле? Дали кога било ќе имале разбирање за твојата здравствена состојба? Не ти треба таа работа, ќе најдеш фирма каде што има човечност.

„Цела седмица по погребот на дедо ми. Не можев да станам од кревет, толку го сакав, болката беше неподнослива.“

Но, времето ја намалува болката, сигурно веќе го почувствува тоа.

„Без размислување ќе кажам дека најлошиот ден во мојот живот беше денот кога почина мајка ми. Не ја изгубив само неа, туку се изгубив и себеси.“

Мора да се помириш со животните порази ако сакаш да продолжиш да живееш, а твојата мајка би го сакала тоа.

„Со години се обидував да забременам, потоа појдов на вештачко оплодување и денот кога доживеав спонтан абортус ми беше најлошиот ден во животот.“

Тешко е, но огромен број жени се соочуваат со спонтани абортуси и проблеми со бременоста, но на крај како и тие и ти ќе се радуваш на едни преслатки мали очиња.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg