Скршеното огледало носи 7 години несреќа - Симболиката и мистиката зад бројот 7

Од почетокот на времето, бројот 7 зазема специјално место во голем дел од цивилизациите. Доживуван како магичен, број кој е синоним за совршенство, безбедност, заштита и одмор, бројот 7 истовремено интригира и фасцинира.

Simbolikata-i-mistikata-zad-brojot-7-01.jpg

Зошто е тоа така? Што точно симболизира овој број?

Секојдневно, без да забележиме ние сме во контакт со бројот 7: има 7 денови во неделата и 7 бои во виножитото.

Бројката сама по себе е многу силен симбол. Во многу култури се смета за благотворна и заштитна. Многумина сметаат дека бројот 7 е свет број и дека во себе носи нешто спиритуално и вечно.

Бројот 7 во нумерологијата

Се смета за свет, односно духовен број и се однесува конкретно на мудроста.

Бројот 7 во астрологијата

И во Универзумот, бројот 7 има прилично моќно значење. Тој кореспондира со бројот на планетите и металите кои се поврзани со нив:

  • Марс и железо
  • Венера и бакар
  • Сатурн и олово
  • Јупитер и калај
  • Меркур и жива
  • Месечина и сребро
  • Сонце и злато

Бројот 7 во религијата

Мистичниот број може да се најде во многу духовни и религиозни книги како библијата, тората и кабалата.

Ова се само неколку примери: 7 смртни гревови и 7 католички причести, 7 дена потребни за да се создаде светот според библијата, 7 чакри во хиндуизмот.

Токму поради тоа, бројот 7 се поврзува со божествена совршеност.

Бројот 7 низ напредокот на цивилизацијата

Враќајќи се наназад во древниот Египет, многу религиозни објекти биле изградени врз основа на пропорцијата поврзана со следниве броеви:

Бројот 3: симбол на тројство и рамнотежа кои им се даваат на духовното, па дури и божественото.

Бројот 4: симбол на материјалниот и земниот свет.

Бројот 7: резултат на претходните две бројки, го наоѓа своето место помеѓу двата света, т.е. светот на животот и светот на смртта. 7 симболизира комплетност и го означува аспектот на добро завршените работи.

Да не ги заборавиме и 7-те светски чуда на Античкиот свет.

Очигледно бројот 7 потсвесно си го нашол местото и во многубројните приказни бајки за деца, како Снежана и седумте џуџиња.

Суеверија поврзани со бројот 7

Бројката се поврзува и со многубројни чудни верувања кои прераснале во суеверија. На пример, кршењето на огледало предвидува 7 години лоша среќа.

Но, во најголем дел од времето, бројот 7 се смета за среќен знак во суеверијата и носи добра карма.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Вечерва почнува зимското сметање на времето: Како влијае врз луѓето и како да се адаптирате полесно? Ноќта кога почнува зимското сметање на времето, добиваме еден час повеќе за спие...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Разбиваме митови: Невестата не треба да носи бисери на свадбата, затоа што ќе ѝ донесат солзи Некои веруваат дека колку бисери има на ѓерданот, толку години ќе поминете несре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg