За добро организирање на времето и обврските: Применете го правилото 50-10-50
За сите оние кои не можат да се справат со обврските и правилно да си го организираат времето, постои едноставна формула која ќе им помогне во тоа.
Со правилото 50-10-50 ќе се фокусирате на важните работи и ќе ги завршите навреме, а ќе можете и подобро да го испланирате денот.
Овој метод го користат многу сениор менаџери, како и студенти кои поминуваат големо време во учење.
Како влијае овој метод и што треба да правите?
50-10-50 е метод кој помага на интелигентен начин да го поделите времето и да стигнете сè навреме, а притоа да не бидете преморени.
Со тоа постигнувате поголема ефективност, а сè што треба да направите е следново: 50 минути да работите, потоа 10 минути да правите нешто неповрзано со работата и повторно по одморот 50 минути да работите активно и ефективно.
Ако работата ви е на компјутер, за време на одморот, релаксирајте го умот и не се фаќајте веднаш за телефонот.
Прошетајте, напијте се чај, кафе или поразговарајте со колега.
Оваа формула може да ја повторувате колку пати сакате во денот бидејќи е една од најефективните техники.
Зошто методот функционира?
Напорното работење без престан додека не почувствувате замор, е слично како трчање маратон – трчате неколку километри со максимално вложување, а потоа останувате без сила и го намалувате темпото.
Ако сакате да работите повеќе на било која задача, колку повеќе одмарате, толку подобро размислувате.
Но, бидејќи не секогаш е можно да правите подолги паузи, треба да направите баланс.
Затоа 50-10-50 е одлична техника бидејќи со мали паузи во текот на денот, продуктивноста на човекот се зголемува.
Главни предности
Студент кој го практикува овој метод при учењето, издвојува 5 главни предности:
1. Кога ќе помислите дека треба да поминете 6-8 часа на решавање проблеми и завршување задачи, може да паднете во очај. Но, 50 минути се утешителни. 50 минути се како една епизода од омилената серија, брзо поминуваат.
А, уште една споредба која докажува дека е подобро работата да биде поделена е следнава – можеме да изгледаме понекогаш 6 епизоди од по 50 минути со паузи меѓу нив без проблем, но дали би било исто ако седнеме да гледаме филм од 6 часа?
2. Методот ви овозможува подобро да се фокусирате на работата. Сфаќате дека имате 50 минути за да завршите конкретно нешто и не сакате да го губите тоа време.
Максимално се фокусирате на тоа, а потоа 10-тина минути одмарате и правите други работи кои ве интересираат.
3. Редовните 10 минути одмор ви овозможуваат да ја зголемите продуктивноста и во нешто друго. Во ова време може да правите било што што сте сакале во меѓувреме, но не сте имале време.
Да помуабетите со колегите, да се јавите на родителите, да вратите во групите со пријателите, да одговорите на коментари, да одите до продавница, да јадете на мир и сл.
4. Методот ви овозможува точно да одредите колку време посветувате на одредена задача и како резултат на тоа во иднина ќе можете полесно да го планирате времето кое ви е потребно за истата.
М. М. | Црнобело