Како манипулаторите си поигруваат со вас и вашата самодоверба?
Чувствата во основа се сензации кои доаѓаат од телото до умот. Некои луѓе имаат посилно изразени емоции од другите па често пати знаеме да кажеме дека се премногу емотивни во негативна конотација.
Сепак, не постои човек без чувства. Тие се витален дел од нашиот живот.
Но, од друга страна, чувствата може лесно да се манипулираат доколку не сте емотивно стабилни. Ако не сте доволно силни за да се изборите со своите стравови и емоции, луѓето лесно може да се манипулираат.
Доколку некој се обиде да ги манипулира вашите чувства, не треба да се обесхрабрувате и да ја губите својата самодоверба.
Треба едноставно да ги препознаете вообичаените начини кои луѓето ги користат за да ве омаловажат и изманипулираат, со цел да ве повредат или да добијат нешто во нивна корист.
А тие од прилика изгледаат вака:
Кога ви наметнуваат чувство на вина
Кога сакаат да ве посрамотат и да ви ја разнишаат самодовербата
Кога се преправаат дека ви прават услуга, а всушност ве искористуваат
Кога ви даваат до знаење дека не сте достојни за нив
Кога по секоја цена мора да им возвратите на услугата
Кога ве манипулираат со цел да извлечат услуга од вас
Кога знаат дека имате страв од нешто и го вртат против вас
Кога прават да се засрамите пред другите
Кога ви влеваат лажна надеж
(О)Милена | Црнобело