Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Жените имаат помалку слободно време од мажите

Жените бришат прашина, перат, пеглаат, готват ручек, ги бањаат децата, учат со нив и што уште не.

zenite-imaat-pomalku-slobodno-vreme-od-mazite-01.png

Мажите во текот на седмицата имаат просечно 43 часа слободно време, а во споредба со нив жените имаат пет часа помалку слободно време, односно 38.

Истражувањето на ONS откри дека жените имаат помалку слободно време за излежување и правење на активностите што ги сакаат затоа што имаат повеќе обврски околу домот и грижата за децата. Тоа се часови и часови неплатена работа.

Истражувањето исто така покажа дека слободното време на мажите сега е поголемо отколку во 2000-та година, а на жените помало.

zenite-imaat-pomalku-slobodno-vreme-od-mazite-02.jpg

Двата пола поголемиот дел од слободното време го минуваат „консумирајќи“ медиуми, односно гледајќи телевизија, слушајќи радио, читајќи весници и портали итн.

Количината на слободно време, освен по периодот на учење, расте како луѓето стареат.

Луѓето на возраст од 25 до 34 години имаат најмалку слободно време, додека тие од 16 до 24, како и оние над 65 имаат најмногу. Мажите се пред жените во секоја категорија.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените откриваат кои работи за мажите всушност не ги знаеле Ако прашате маж за што размислува и тој ви каже „За ништо“, верувајте му – тој н...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Децата се хит: 10 смешни ситуации од кои родителите ги „боли глава“ „Мојот 7-годишен син добил брилијантна идеја – да го заклучи клучот од катанецот...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
9 туристи кои открија изненадувачки работи при своите патувања во странски земји „Кога бев во Турција, поминав време со неколку различни семејства. Кога ќе ја ст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg