9 секојдневни работи кои цел живот ги правите погрешно
Од четкањето на забите и позата на спиење до држењето на воланот при возење, дали и вие ги правите овие грешки?
Секој ден практикуваме низа рутини и изведуваме задачи без да размислиме дали тоа е правилно.
Функционираме како на автопилот, а не сме свесни дека многу од работите ги правиме погрешно речиси целиот наш живот.
Што сè правите погрешно навистина ќе ве изненади:
Прекумерно користење на купка или сапун додека се капете
Нашата кожа станува посува како старееме, па прекумерното користење на купка или сапун прави клетките на нашата кожа да се соберат и со тоа сувоста се зголемува.
Сапун нанесете само на одредени делови од телото каде е неопходно, а остатокот измијте го само со водата со сапуница што ќе протече по вашето тело.
Неправилно држење на воланот од автомобилот
Вистина е дека држењето на воланот треба да ви биде комфорно, наместо да се водите од тоа што луѓето ви кажуваат, но по некој совет за безбедност никогаш не штети.
Најсигурен начин е да го држите воланот со рацете на двата краја, како на фотографијата подолу. Ова осигурува во случај на незгода дека воздушните перничиња нема да се заглават во вашите раце и нема да ви ги остават главата и горниот дел од телото незаштитени.
Ја оставате отворена тоалетната шолја
Започнете со поклопување на шолјата ако не сакате уште повеќе бактерии низ целиот тоалет. Иако сте пуштиле вода, водата се меша со остатоците од фекалиите и тие се ослободуваат во воздухот подоцна.
Затворете го капакот и на тој начин заштитете ги вашите пешкири и четки за заби од бактерии.
Нанесувате дезодоранс на телото во погрешно време
Многу експерти се согласуваат дека е погрешно да нанесувате дезодоранс по туширањето наутро, бидејќи дезодорансот ги затвора порите на вашето тело, а вие наутро се потите многу повеќе отколку навечер, па тој се измива.
Најдобро е да нанесете дезодоранс навечер пред спиење, тогаш кожата ви е најсува, а потните жлезди имаат намалена активност. Плус, дејството на дезодорансот е 24 часа, па ќе бидете свежи и по утринскиот туш.
Ја покривате устата додека кашлате
Постарите уште како деца нè научија дека при кашлање и кивање треба да ставиме рака на устата.
Ова е погрешно затоа што при кашлањето бактериите и вирусите се лепат на вашата рака и потоа ги ширите наоколу преку допир. Наместо дланката, нареден пат при кашлање искористете го лакотот.
Го чистите блендерот со триење
Заштедете време и енергија така што ќе престанете да го триете блендерот за да го исчистите.
Наместо така, сипете вода и средство за чистење во него и пуштете го да работи. Потоа исплакнете и вашата работа е завршена.
Ги четкате забите хоризонтално
Една од најчестите грешки на луѓето е четкањето на забите хоризонтално и со тоа занемарување на коренот на забите.
Правилно е четкањето со вертикални движења, почнувајќи од коренот, па до крајот на забот. Исто така, четкањето нека биде подолго, односно 2,3 минути.
Постојано работите без редовни кратки паузи за одмор
Кога ќе фатите темпо со работата, полесно е да го држите и да останете концентрирани на работата. Времето го користите максимум за да постигнете максимални резултати.
Но, проблемот е што за да бидете најпродуктивни на вашиот мозок потребни му се повремени, кратки паузи за енергијата да ви биде на највисоко можно ниво. Паузите планирајте ги така што нема да бидат во часовите кога сте најпродуктивни, па така ако сте најефикасни од 12 до 14 часот, паузата не правете ја во 13 часот, туку пред 12 или по 14.