Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Само 12 земји во светот, меѓу кои и Македонија, слават Божиќ на 7 јануари - зошто?

Најголемиот дел од светот веќе го прослави Божиќ на 25 декември.

Samo-13-zemji-vo-svetot-slavat-Bozik-na-7-januari-01.jpg

Но, одредена група која брои вкупно 12 земји меѓу кои и Македонија, го прославува еден од најголемите христијански празници 13 дена подоцна, односно на 7 декември.

Знаете ли зошто е тоа така?

Причината поради која го славиме Божиќ на 7 јануари заедно со уште 11 други земји во светски рамки е фактот што сè уште се водиме според стариот црковен Јулијански календар.

За разлика од Грегоријанскиот кој се користи во најголем дел од светот, Јулијанскиот календар е поназад за 13 дена во периодот од 1900-2100 година и таа разлика се зголемува за 1 ден по 2100 година.

Она што збунува многумина е мислењето дека Јулијанскиот календар е православен, а Грегоријанскиот се смета за католички, што е навистина погрешно.

Всушност, двата се еден вид обрасци за пресметка на времето кои во основата го имаат сончевиот циклус, односно ротацијата на Земјата околу Сонцето.

Грегоријанскиот календар претставува еден вид корекција на грешката акумулирана со векови во Јулијанскиот календар, создаден по наредба на Јулиј Цезар, воведен во 46 година п.н.е.

Од друга страна пак, и Грегоријанскиот календар кој стапил на сила во 1582 година со декрет од страна на папата Григур XIII не е совршен, бидејќи и тој ќе треба да се коригира, но не на секои 100 години за по еден ден, како што е тоа случајот со Јулијанскиот.

Дали и ние треба да ја напуштиме старата традиција и да се унифицираме според Грегоријанскиот календар како и најголемиот дел од земјите во светот?

Оваа година, за прв пат, Украина го прослави Божиќ на 25 декември и заедно со Бугарија и Грција кои ја напуштија групата која слави на 7 јануари.

Листата на земји кои прославуваат Божиќ на седмиот ден во Новата година изгледа вака:

  • Србија
  • Белорусија
  • Црна Гора
  • Русија
  • Казахстан
  • Македонија
  • Етиопија
  • Еритреја
  • Египет
  • Израел
  • Грузија
  • Молдавија

Кога веќе ја прославуваме Новата година на 1 јануари како и остатокот од светот, зарем не треба Божиќ да се прослави пред Новата година?

Кое е вашето мислење на оваа тема?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Првиот Божиќ без баба и уште 9 емотивни празнични реклами на брендовите за 2024/25 Пребродување на првиот Божиќ без баба, Дејвид Бекам го претвори тажниот Снешко в...
Пораки за Божиќ со кои може да им го честитате празникот на блиските Ако барате божиќни честитки и пораки, со кои ќе им го честитате големиот празник...
Фото-компилација: Луѓе кои имале полош Божиќ од вас „Ме отпуштија од работа пред Божиќ“. Ако сте разочарани од вашиот Божиќ, фоткиве...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg