6 фрази кои ја содржат сета магија и мудрост на пријателствата

Вистинските пријателства се бројат на една рака и треба да ги славите секој ден.

6-frazi-koi-ja-sodrzat-seta-magija-i-mudrost-na-prijatelstvata-01.jpg

Да се пронајде вистински пријател е навистина богатство во денешно време и затоа мора навистина да ги цениме тие кои остануваат со нас во добро и во лошо.

Вистинскиот пријател нема да ви создава главоболки со својата завидливост и желба да ви поставува пречки во животот, туку тој ќе се радува на вашите успеси.

Некои фрази навистина ја носат сета мудрост на пријателствата:

„Тој што бара пријател без мани, ќе остане без пријатели.“

Никој не е совршен, сите сме луѓе и имаме мани. Ако најдете пријател кој е добар и лојален кон вас, затворете ги очите пред некои од неговите мани, затоа што ниту вие не сте совршени.

6-frazi-koi-ja-sodrzat-seta-magija-i-mudrost-na-prijatelstvata-05.jpg

„Пријателите ја зголемуваат среќата и ја намалуваат тагата.“

Секоја споделена среќа е двојно поголема и повеќе се слави. Човекот е социјално битие, кое не може да функционира изолирано.

Не постои подобро чувство од тоа близок пријател да ве разбере и поддржи, без разлика дали во позитивните или негативните мигови.

„Пријателите се како книгите, не е важно колку ги имате, туку дали се добри.“

Погрешно е да го мерите квантитетот. Дури и пријатели кои може да се избројат на една рака, ако се вистински, вредат многу повеќе од цела армија лажни пријатели.

Вистинските пријатели се реткост во денешно време, па ценете ги оние со кои имате специјална врска.

6-frazi-koi-ja-sodrzat-seta-magija-i-mudrost-na-prijatelstvata-08.jpg

„Пријател е личноста што знае сè за вас, но сепак ве сака.“

Вистинскиот пријател ги знае вашите најдлабоки тајни, вашите најголеми животни грешки и најтемните црти од вашиот карактер, но сепак ве сака од срце.

Пред него сте вистинските вие без ограничувања и маски.

„Лажниот пријател е како сенка, која нè следи додека сонцето трае.“

Многу луѓе се покрај вас кога сè ви оди од рака и заинтересирани се заедно да го славите животот. Но, кога работите ќе тргнат по надолна линија, тие се изолираат од вас за да не ви помогнат и да не им ширите негативна енергија.

Тие лажни пријатели пречкртајте ги од листата.

6-frazi-koi-ja-sodrzat-seta-magija-i-mudrost-na-prijatelstvata-03.jpg

„Ако сакате да добиете вистински впечаток за човек, погледнете какви се неговите пријатели.“

За вистински да запознаете личност, обрнете внимание со кого го минува времето. Пријателствата кажуваат многу за вредностите и карактерот на една личност.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
8 фрази што ги кажуваме со најдобра намера, но се всушност навредливи „Кога ќе имате деца“, „Зошто не се венчате“… Постојат некои фрази и прашања што ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 фрази што ги користат луѓето кои се лицемерни кон вас, за да ве манипулираат „Не мисли толку многу“, „Заборави и опушти се“, „Не сакам да се фалам...“ Кои ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg