Од Сирија до Бутан: Како изгледаат униформите на учениците низ светот? (фото)
Јапонските училишни униформи се добро познати, но дали знаете дека децата во Шри Ланка се облечени цели во бело?
Прашањето дали да се носат униформи или не во Македонија предизвикува дебати години наназад. Поддржувачите велат дека на овој начин ќе се избришат класните разлики помеѓу децата, а противниците дека се гуши индивидуалноста на детето.
Униформи се носат во навистина мал број училишта кај нас и нивниот изглед варира од училиште до училиште.
Без разлика кој е вашиот став на оваа тема, сигурно ќе ви биде забавно да видите како изгледаат униформите на учениците низ светот:
Јапонија
Униформите на јапонскиte ученици, особено женските, зафаќаат специјално место во цртаните филмови и стриповите и се познати низ целиот свет.
Девојчињата секогаш се со високи бели чорапи и рамни чевли, па дури и во текот на зимата.
Велика Британија
Како и сè друго во Велика Британија, така и училиштниот дрес код е строг.
Во некои училишта, дури и во најпеколните летни денови момчињата мора да носат долги панталони, па затоа летото група момчиња организирала протест и се појавиле со здолништа на училиште.
Австралија
Австралискиот образовен систем има позајмено многу работи од англискиот, па така и униформите личат на оние од Велика Британија само полесни и поотворени поради топлата клима.
Куба
Во Куба има неколку варијации на училишни униформи во кои доминираат белата, сината, жолтата и црвената боја.
Индонезија
Во Индонезија боите на униформите варираат во секоја етапа од образованието. Непроменлива е само белата кошула.
Особено интересна е традицијата дека по полагањето на националните испити децата ја слават слободата со боење на униформите во разни бои.
Кина
Кинеските студенти имаа неколку униформи и тоа за прослави и за обични денови, за лето и за зима.
Униформите на момчињата и девојчињата се речиси идентични.
Гана
Сите деца во сиромашната држава Гана мора да носат униформа и токму купувањето на униформа е една од пречките за влегувањето на децата во образовниот систем.
Затоа во 2010 година владата донесе мерка униформата да биде бесплатна.