15 интересни факти за тоа како функционира машкото тело
Научниците од целиот свет продолжуваат да ги истражуваат разликите помеѓу жените и мажите и постојано откриваат нови тајни за тоа како функционира машкото тело.
Доколку сте заинтересирани за неколку необични факти, прочитајте ги овие интересни факти кои се однесуваат на машкото тело:
Кога мажот слуша, неговиот мозок само половично учествува во процесот
Тој истовремено може да мисли и на нешто сосем друго. Жените се различни: кога тие слушаат, нивниот мозок е целосно инволвиран во процесот. Затоа, кога зборувате со маж, битно е да ги наведете вашите мисли јасно, кратко и точно.
Рецепторите за слух, мирис и вкус на просечниот маж се помалку развиени отколку оние кај жените
Ова така поради фактот дека жените е поверојатно да бидат одговорни за готвењето, чистењето и чувањето на децата.
Во темница, жените забележуваат повеќе детали, но само блиску
Мажите иако гледаат малку полошо од жените, сепак во темницата еднакво добро забележуваат детали на која било далечина.
Помеѓу мажите има три пати повеќе леваци отколку кај жените
Научно објаснување за овој феномен нема. Според вработените во Австралискиот Национален Универзитет, луѓето коишто ја користат левата рака можат побрзо да процесираат информации од деснаците.
Мажите полесно се справуваат со физички стрес
Количината на крв кај мажите е од прилика 5-6 литри, додека кај жените е само 4-4,5 литри. Крвта кај мажите е исто така побогата со хемоглобин и црвени крвни зрнца, па затоа и циркулацијата на кислород е подобра.
Кај мажите природно не се појавува целулит
Ова е затоа што мажите и жените имаат различна пропорционална застапеност на мускулно ткиво, масно ткиво и врзивно ткиво. Кај мажите природно е поразвиено мускулното ткиво, а кожата содржи повеќе колаген.
Мажите спијат поцврсто
Електричната активност на мозокот кај мажите, опаѓа за 70% кога спијат, а кај жените кои спијат истата активност опаѓа само за 10%. Причината за ова е во историјата на развојот на човекот, односно примитивното општество.
Мажот е ловец, па затоа мора добро да се одмори додека е дома. Жената го чува домот, па затоа мора секогаш да има едно око отворено за да внимава на куќата и децата.
На мажите им е полесно да ослабнат
Машкиот организам троши повеќе калории за да обезбеди енергија за мускулите и останатите органи. Заедно со ова и нивото на тестостерон кај мажите е 7 пати повисоко, што го забрзува метаболизмот без разлика на тоа колку мускулна маса има мажот, којашто и без тоа е поголема кај мажите отколку кај жените.
Мажот подобро забележува објекти во движење
Доколку објектот стои, може лесно да не биде забележан. На пример, затоа мажот некогаш не може да си ги најде чорапите во фиока, но веднаш ќе ја забележи девојката која танцува.
Мажите имаат предиспозиција кон имање на пивски стомак
Причината за ова е што кај мажите салото не се таложи под кожата како кај жените, туку се таложи во абдоминалната празнина, помеѓу внатрешните органи.
Мажите имаат послаб имунитет
Мажите се многу поподложни на инфекции од жените. Причина за ова е тестостеронот, којшто природно има антиинфламаторен ефект. Хормонот ја зајакнува работата на гените коишто ја намалуваат инфламацијата, па затоа телото произведува помалку антибиотици.
Студиите потврдиле дека мажите имаат поголема бешика од жените и поретко ја празнат од жените
Кај жените во пелвисот се наоѓа поголем број на органи, вклучувајќи ги и гениталиите, па затоа бешиката е помала. Кај жените во бешиката собира 0,2 до 0,5 литри течност, додека кај мажите може да собере и до 0,7 литри.
Телото на мажот содржи 1,5 пати повеќе масни и потни жлезди, отколку телото на жената
Затоа и кожата на мажот секогаш изгледа помрсно.
Мажите потешко се справуваат со топлина
Од друга страна пак, телото на мажот е одличен грејач, затоа што температурата на телото на мажите е околу 0,2 степени повисока од онаа на жените. Ова е така благодарение на брзиот метаболизам и производството на топлина како резултат на истиот.
Генетски, мажите се поедноставни од жените
Активните Х хромозоми се спој од клетки коишто се збир од клетките на таткото и мајката. Мажите ги добиваат Х хромозомите од мајката. Y хромозомите содржат помалку од 100 гени, а Х хромозомот содржи околу 1500 гени.
(О)Милена | Црнобело