Побогатите луѓе се посебични
Од заслепеноста од своите сопствени достигнувања, тие не можат да ја видат убавината на светот околу нив.
Богатите луѓе доживуваат повеќе позитивни емоции фокусирани за нив, докажа едно ново истражување. Па, така ако сте побогати ќе бидете повеќе фокусирани на себеси, односно посебични.
Според истражувањето објавено во American Psychological Association луѓето си помали приходи пронаоѓаат среќа во другите луѓе, преку чувства на љубов и емпатија. Посиромашните ја пронаоѓаат среќата во убавината на светот околу нив.
Од друга страна, богатите луѓе пронаоѓаат среќа во чувствата врзани за нив, како што се гордост и задоволство.
Велат дека парите не купуваат среќа, но изгледа дека влијаат во голема мера на нашите животи.
Во последните неколку децении истражувањата се фокусирани на негативните емоции од сиромаштијата, но ова ново истражување докажува дека додека побогатите индивидуи бараат позитивност во сопствените остварувања и статус, а посиромашните бараат среќа на подлабоки места.
С. С. | Црнобело