Секси спортисти позираат голи за календар со хуманитарни цели
Фотограф од Лондон и поранешен биатлонист, Доминика Куда, собрал крос фит шампиони, балерини, јавачи на коњи и други спортисти за да ја фотографира нивната неверојатна градба за календар со хуманитарни цели.
Проектот е фотографиран на локации околу Варшава во Полска, а сликите ќе се искористат за дневник од 300 страни и личен планер за 2018-та, вклучувајќи распоред за дневен тренинг и табели за запишување на цели, достигнувања и резултати.
Продажбата на календарите ќе придонесе за собирање средства за One Year Fund, кој ги поддржува младите атлетичари кои немаат финансии и им обезбедува целосна спортска опрема и облека.
„Го достигнуваме најдоброто, помагајќи им да останат на избраниот пат и ги мотивираме во остварување на нивните цели“.
Оние кои ќе го купат ќе добијат календар со згодни и секси спортисти, плус ќе бидат дел од хуманитарни цели.
Би одбрале ли вие овие спортисти да ве водат низ 2018?