Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дали младите парови кои живеат заедно се склони кон дебелеење?

Паровите кои започнуваат заеднички живот додека се помлади, без разлика дали се во врска или веднаш по брак, често накачуваат килограми, според истражувањата.

dali-mladite-parovi-koi-zhiveat-zaedno-se-skloni-kon-debeleenje-01.jpg

Истражување спроведено од научници на универзитет во Глазгов, покажува дека во првата година заеднички живот, младите брачни парови просечно добиваат плус 2 килограми, а оние кои живеат заедно пред брак се здебелуваат уште побрзо, на 3 месеци по околу 1,8 килограми.

Нутриционистката која го водела истражувањето изјавила дека откако паровите започнуваат живот во заедница, фокусот во нивната врска се пренасочува на храната, бидејќи заедно јадат и ги делат меѓусебните навики.

Многу од нив немаат стекнато вештини за готвење, па често нарачуваат брза храна или јадат надвор, бидејќи моментално тоа ги исполнува и ги прави среќни, без притоа да размислуваат на долгорочен план.

dali-mladite-parovi-koi-zhiveat-zaedno-se-skloni-kon-debeleenje-02.jpg

Тие истовремено стануваат и помалку активни, а престануваат и да водат сметка за љубовните состаноци и заведувањето, па со тоа помалку вежбаат и помалку се грижат за своето тело, а си дозволуваат секакви задоволства со храната бидејќи се поопуштени.

dali-mladite-parovi-koi-zhiveat-zaedno-se-skloni-kon-debeleenje-002.jpg

Затоа, младите парови на почетокот на заедничкиот живот, треба да внимаваат на телесната тежина, бидејќи нејзиното зголемување и дебелеењето е лошо за самодовербата, па тоа може негативно да влијае на врската, како нагла промена.  

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотки што ќе ве разгневат – Луѓе кои живеат со „цимер од пеколот“ Не си ги мие садовите, не ги фрла кутиите од пица, чека некој друг да му ја собе...
Работи што ги прават луѓето кои живеат сами (а на другите може да им се чудни) „Учам кореографии на омилените песни, а потоа им ги покажувам на кучето и двете ...
Популарни трендови за кои подоцна младите (сигурно) ќе зажалат „Родители што им даваат на децата да користат интернет и технологија без никаков...
Колку плата земаш? Бремена ли си? - 6 прашања кои учтивите луѓе никогаш не ги поставуваат Луѓето не се чувствуваат пријатно кога некој им ги поставува овие прашања. Лу...
Низ илустрации: 12 докази дека помладите генерации се како од друга галаксија Купувањето онлајн станува попопуларно од пазарењето во продавница, а и барањето ...
Фотки од уникатни ситуации и сцени кои не може да се доживеат секој ден Како изгледа кога пилотите мора да испуштат гориво за принудно и итно слетување?...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg