Секој ден правете некоја активност од детството: Совети кои ги следат среќните луѓе

Многумина веруваат дека постои уникатна патека која води кон успех, среќа и богатство.

sekoj-den-pravete-nekoja-aktivnost-od-detstvoto-soveti-koi-gi-sledat-srekjnite-lugje-01.jpg

Познатите бизнисмени не се согласуваат целосно со оваа идеја, бидејќи сметаат дека секој стига до успехот на свој начин, но сепак, постојат навики кои им помагаат на луѓето да се приближат до оваа патека.

Тие навики се оние кои успешните и среќни луѓе постојано ги применуават и ги следат секојдневно во животот.

Погледнете кои се тие и почнете да практикувате барем дел од нив ако сакате да бидете среќни, успешни и богати:

Секој ден опкружувајте се со луѓе кои ги сакате и ве сакаат

Можеби ова не е толку лесно како што изгледа, но обидете се секој ден повеќе да се приближувате поблиску до целта. Избегнувајте да се дружите со луѓе со кои немате ништо заедничко и немате добро мислење за нив или пак ви ја исцрпуваат енергијата.

sekoj-den-pravete-nekoja-aktivnost-od-detstvoto-soveti-koi-gi-sledat-srekjnite-lugje-02.jpg

Правете по една активност од детството

Не е важно дали сте сакале да пишувате и водите дневник, да играте фудбал или да цртате. Секојдневното повторување на некоја омилена активност од детството, освен што ќе ви помогне да се усовршите во тоа,ќе ви овозможи и да се чувствувате слободно правејќи го тоа што го сакате.

sekoj-den-pravete-nekoja-aktivnost-od-detstvoto-soveti-koi-gi-sledat-srekjnite-lugje-03.jpg

Заблагодарувајте се

Професионалците советуваат, кога сте налутени, да се потсетите што е она на што сте благодарни и да не го наоѓате само негативното во ситуациите.

sekoj-den-pravete-nekoja-aktivnost-od-detstvoto-soveti-koi-gi-sledat-srekjnite-lugje-04.jpg

Заборавете на изговорите

Еден од најчестите е изговори е немањето време, но тој е и најнеподдржан, бидејќи секој може да најде време за она што му е важно. Ако не најдете, значи не ви е толку важно.

sekoj-den-pravete-nekoja-aktivnost-od-detstvoto-soveti-koi-gi-sledat-srekjnite-lugje-05.jpg

Правилото 5/25 на Ворен Бафет

Според правилото, треба да направите листа до 25 најважни работи кои сакате да ги направите во животот. Потоа од нив, одберете 5 нај-најважни, а другите заборавете ги засекогаш, бидејќи веројатно никогаш нема да ги остварите, поготово сите 25 идеи кои одземаат многу време и енергија.

Поставувајте прашања

Не се срамете и слободно приоѓајте им на непознати и прашувајте ги тоа што ве интересира, без разлика дали се работи за некој познаник на ваш пријател, за професор, предавач, позната личност и слично.

Така, полесно ќе почнете да создавате контакти, кои ако не во моментот, можеби во иднина ќе ви бидат од помош за нешто што ќе ви биде потребно, а ќе имате и простор за соработка.

Бидете блиски со најпаметната личност во ваша околина

Најдете ја најпаметна личност во вашата околина и следете сѐ што тој сака да направи, бидејќи сигурно е нешто што вреди.

Навиката да се опкружите со паметни луѓе е многу корисна исто така бидејќи несвесно се терате себеси да бидете подобри, посилни, попаметни и тоа е типот на натпреварување кој го сакате во вашиот живот.

sekoj-den-pravete-nekoja-aktivnost-od-detstvoto-soveti-koi-gi-sledat-srekjnite-lugje-06.jpg

Спијте

Овој совет досега сте го прочитале на многу места, но тоа е затоа што сонот е најважен, без разлика за што се работи. Без сон, нема да можете да постигнете ништо, а плус, професионалците советуваат дека мозокот најдобро работи во првите неколку часа после станувањето од спиење.

Не се брзајте

За поеќето луѓе, успехот не дошол а кратко време. Тој се состои од многу победи на кои се работело долги години. Затоа, немојте да мислите дека успехот треба да дојде брзо и радувајте и се на секоја мала победа на патот кон успехот.

sekoj-den-pravete-nekoja-aktivnost-od-detstvoto-soveti-koi-gi-sledat-srekjnite-lugje-07.jpg

Кажувајте „не“

Ова е одлична „вештина“ која многупати ќе ви се најде како корисна, бидејќи не треба да им дозволувате на другите да ви го градат животот. Вие имате право јасно и гласно да кажете „не“ и да одбиете некого кога не се согласувате со нешто или кога немате време кое ќе го трошите на туѓите проблеми. Само така ќе ги постигнете целите без да наидувате на непотребни пречки.

Дозволете си да грешите и учете од грешките

Ако се задоволувате само со малите работи во кои сте добри, тогаш никогаш нема да созреете на професионално поле. Не се плашете и преземајте поголеми ризици, верувајте во себе и стремете се кон поголеми цели, па дури и да направите грешка и да не сте совршени во тоа, научете од неа и станете подобри.

Малку по малку, секој ден

Движете се кон вашата цел со мали чекори, но секојдневно и редовно. Ако сакате да напишете книга, секој ден пишувајте по неколку страни. Не дозволувајте да ги запоставите вештините. Наместо тоа, усовршувајте ги и еден ден ќе сфатите колку сте станале добри во тоа и колку сте блиску до целта.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Фотки што ќе ве разнежат – Луѓе кои имаат прекрасни соседи „Соседот ми го побара резервниот клуч – ми рече за да го изнесел кучето додека с...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg