Зошто понекогаш е добро да бидете мрзеливи?
Иако сите ќе ве скараат во моментите кога не ви се помрднува од место и не ви се прави апсолутно ништо, докажано е дека мрзеливоста си има свои предности.
На телото и умот неопходен им е одмор и опуштање, а нема поквалитетен одмор од квалитетното лежење и правење ништо.
Кои се предностите?
1. Намалување на крвниот притисок
По стресниот ден, кога ќе се испружите во кревет и длабоко ќе издишите, тогаш благо се забавува работата на срцето и крвниот притисок се спушта и нормализира, по целодневниот хаос.
2. Зголемување на ефикасноста на вежбањето
Делува чудно, но вистина е дека откако еден ден ќе си дадете време за правење ништо, утредента тренингот е поинтензивен и со подобар ефект. И на телото му е неопходен одмор, затоа секојдневното вежбање не е препораливо.
3. Зголемена креативност
Лутањето на мозокот може да ве доведе до прилично интересни идеи. Понекогаш напрегањето има сосема спротивен ефект, токму во моментите кога ви требаат големи идеи. Затоа, опуштете се.
4. Зголемена продуктивност
Токму мрзеливоста е одговорна за сите оние генијални идеи како да се снајдете кога не ви се мрда од место.
5. Зголемена способност за решавање на проблемите
Кога си давате време за размислување и не се форсирате, имате поголеми шанси да пронајдете решение. За време на правењето ништо може да смислите најдобри решенија.
6. Подобро се разбирате самите себе
Ако им дозволите на мислите бесцелно да лутаат, може да откриете нови видици и светови кои се криеле длабоко во вас. Тоа е шанса работите да ги размислите на нов начин и да ги погледнете од поинаков агол.
7. Учење да се почитува моментот
Како и медитацијата, така и мрзоволноста ве тера да ја цените сегашноста и моментот во кој се наоѓате.
М. Д. | Црнобело