9-те најубави божиќно украсени излози ширум светот за 2017
Лондон води на листата на продавници со најрано и најубаво украсени божиќни излози годинава.
Нова Година и Божиќ се сè уште далеку, но светот веќе го тресе празничната треска, а и Македонија започнува да живее во овој дух преку красењето на излозите на некои продавници и поставувањето сијалички во дел од кафулињата.
Празничната атмосфера кај нас се чувствува срамежливо, но еве како е низ светот.
Направивме листа од 9-те најубаво украсени божиќни излози досега:
Sefridges, Лондон
Темата „Со љубов од...“ во Sefridges беше лансирана уште во октомври, а со тоа беше еден од првите божиќно украсени излози во светот годинава.
Tiffany’s, Лондон
Темата „А Tiffany’s Holiday“ изгледа магично на излозите од продавниците на овој бренд во Лондон.
Harrods, Лондон
Овој бренд донесе забава и италијански дух преку соработката со Dolce & Gabanna во носењето празнична атмосфера на излозите.
Fortnum & Mason, Лондон
На божиќно украсените излози од овој бренд ќе ве дочекаат лавови, остриги, слонови во комбинација со пијалаци и огномети.
Liberty, Лондон
Иконска сцена со светилки и снег инспирирана од филмот „The night before Christmas“.
Harvey Nichols, Лондон
На излозите од овој бренд доминираат ѕвездени мотиви и божиќни подароци.
Printemps, Париз
Бајка за две деца кои имаат животно патување околу светот. Овој бренд се спои со уште 6 компании за да ја реализира идејата.
Galeries LafaYette, Париз
Бајковити сцени од карневалите од 20-ттите години во Париз. Шарена и инспиративна глетка!
Hudson’s Bay, Торонто
Поларни мечки што танцуваат, мраз и пингвини ќе ве дочекаат на овие излози во Канада.
С. С. | Црнобело