7 вештини кои можете да ги научите за само 1 недела

Стекнувањето на нови вештини зависи од надареноста, меѓутоа и од вежбањето, искуството и желбата за натпревар.

7-vestini-koi-mozete-da-gi-naucite-za-samo-1-nedela-001.jpg

А, за да научите било што, пред сè треба да вложите време.

Ако вежбате по околу 3 часа во денот, доволни ви се 7 дена за да ги научите следниве 7 вештини:

1. Да отсвирите песна на било кој инструмент. Иако звучи прелесно, вистина е дека ви се доволни 7 дена за да ги научите акордите на една песна.

2. Да станете одличен раскажувач. Една недела ви е дури и повеќе од доволно. За тие неколку дена треба да се обидувате да раскажувате колку повеќе случки можете, меѓутоа да препознаете кога приказната е автентична, има доволно драма и најважно од се – кога да прекинете.

3. Да научите да подготвувате импресивен оброк. Без оглед на тоа дали сте талентирани или не, една недела е доволна за да научите еден (или повеќе) специјалитети.

4. Да научите самоодбрана. Вештина која треба да се надевате дека никогаш нема да ви затреба, но сепак би било добро да ја знаете.

5. Да научите нов јазик. Една недела е малку за да владеете нов јазик, но 7 дена ви се доволни за да ги научите основите како букви, бројки и најчесто употребувани фрази.

6. Да жонглирате. Веројатно после 1 недела нема да може да фрлате 7 ножеви истовремено и не ни треба да пробувате, но 3 јаболка ќе знаете да изжонглирате без проблем.

7. Да научите основи на шиењето. Ова е една вештина на која жените ќе бидат посебно благодарни. Пукнатиот патент, отпараниот раб и изваденото копче може да ги средите без проблем, ако се посветите 7 дена на учење.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Судбински средби и нови почетоци – Каква енергија ви носи денешниот датум 11.01? Денес треба да го направите првиот чекор за сите ваши соништа да станат реалност...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg