Луѓето во нивните најсреќни моменти од животот
Сигурно имате барем еден ден кој по нешто бил уникатен и ве направил среќни, благодарение на што, нема никогаш да го заборавите.
Свадба, запросување, раѓање на деца, или постигната долгоочекувана желба и цел - некогаш се големи работи, а некогаш, доволна е и најмала ситница за да бидете среќни.
Погледнете ги овие среќни луѓе и дознајте која е причината што им го направил моментот незаборавен.
Фотките ќе ве натераат да се насмевнете и да ја барате среќата и во најмалите нешта:
Овој пар успеал да лета во бизнис класа
Како што овој среќен човек опишува, тој се смеел како мало девојче. И имал добра причина – удобно столче што масира, врвна услуга, совршено мени, шампањ и други пијалаци во неогранмичена количина.
99-годишна жена си ја исполнила желбата да ја уапсат
Холандската полиција на шега уапсила 99-годишна баба само затоа што тоа ѝ било на листата неисполнети желби.
Пар кој се радува на запросувањето
Овој пар денес е веќе венчан и очекува дете и покрај предрасудите на другите затоа што момчето е неподвижно и во инвалидска количка.
Оваа жена добила работа после 2 години барање
Нејзиниот прв ден поминал одлично и таа си ја обожава новата работа.
Момче кое добило стрипови како подарок од авторот
Ова момче е фан на Спајдермен стрипови и добил подарок од еден од креаторите. Вака тој го охрабрил детето кое доживеало сообраќајна незгода.
Девојче кое е возбудено за забавата која родителите ѝ ја организираат
Ова девојче имала посебна замисла за тема на забавата за 3-иот роденден, а нејзините родители ја исполниле нејзината чудна желба – најважно е дека сите се среќни.
Бездомник добил нов изглед
Хозе Антонио живеел на улица 25 години и бил постојано несреден, додека не го забележал сопственик на салон за убавина и го претворил во модерен човек, а му нашол и работа.
Слеп човек држи мачка за првпат
Мачката можебни и не е најсреќна, но важно дека желбата на ова момче е исполнета и тој е среќен.
Младоженците кои случајно го сретнале Том Хенкс
Овие младоженци правеле свадбена фотосесија во Њујорк и одеднаш го здогледале актерот кој трчал. Тие биле пресреќни што оствариле средба и направиле неколку фотки.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





