Како настанале шарените макаронс колачиња?

Макаронс колачињата се едни од најпопуларните десерти во светот. Речиси и да нема некој што не ги пробал и не посакал да земе уште едно.

najslatkiot-desert-na-svetot-kako-nastanale-sharenite-makarons-kolachinja-01.jpg

Постојат различни варијации, но главно се прават од белки, шеќер, бадемово брашно, мелени бадеми и прехранбена боја.

Слатки, неодоливи и во многу различни бои, популарните макаронс се смета дека потекнуваат од Франција. Но, всушност, потекнуваат од Италија.

Во продолжение прочитајте уште неколку интересни факти за макаронсите кои можеби не сте ги знаеле:

Првите макаронси настанале во 8-от век во манастирите блиску до Венеција. Во Франција стигнале кога кралицата Катерина де Медичи од Италија ги добила како подарок од Хенри II, за кого се омажила и се преселила во Франција.

Според француската гастрономска енциклопедија, Larousse Gastronomique, макаронсите кои се најблиску до оние што се прават денес, настанале во 1791 година, а ги направиле две калуѓерки.

Во тоа време, макаронсите немале фил во нив.

najslatkiot-desert-na-svetot-kako-nastanale-sharenite-makarons-kolachinja-04.jpg

Дури во 1830-та година, макаронсите почнале да се филуваат со мармалад или ганаш крем (крем од чоколадо и слатка павлака).

Заслугата за овој изум ја преземал слаткарот Pierre Desfontaines, внукот на славниот Ladurée, но и Claude Gerbet – уште еден париски мајстор за слатки.

На продажбата на славните макаронс големо влијание има поп-културата. Во филмот за Марија Антонета на Софија Копола, има неколку сцени во кои Кирстен Данст, која ја толкува улогата на познатата кралица, јаде макаронс колачиња.

najslatkiot-desert-na-svetot-kako-nastanale-sharenite-makarons-kolachinja-02.jpg

Популарноста на макаронсите во САД и општо во светот нагло порасна и по серијата „Gossip Girl“, кога Блер Волдорф во една епизода изјави дека макаронсите од Ladurée ѝ се омилен десерт, а сигурно се сеќавате и на сцената кога нејзиното момче Чак отпатува во Париз само за да ѝупи една кутија од нејзините омилени колачиња и да ѝ ги подари.

najslatkiot-desert-na-svetot-kako-nastanale-sharenite-makarons-kolachinja-03.jpg

Денес, макаронс колачињата освен во Франција, најмногу се продаваат и во Италија, САД, Кина и Јапонија. Ги има во различни бои и со различни вкусови и филови, а честопати се сместени во исто толку слатки кутии на кои тешко дека некој може да им одолее.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Места ширум светот со најмногу рестрикции за посетители (забранети се и за најмоќните лидери) Капелата во којашто се верува дека се наоѓа ковчегот со 10-те божји заповеди е в...
15 фото-докази дека Австралија е необично место за живот Австралија е прекрасен континент - убави градби, уникатна флора и фауна, дом на ...
Најбогатото куче на светот живее во раскош - поседува вили и јахти, а на одмор оди со приватен авион Богатството го наследил од својот татко, а за него е снимена и серија на Нетфлик...
Во Франција има 42.986 - Земји со најмногу кружни текови во светот Со скоро 43.000, Франција е на врвот на листата на 5 земји со најмногу кружни те...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg