Знаци со кои универузмот ве предупредува дека сте на погрешен пат

Многу луѓе веруваат дека работите им се случуваат без некоја поврзаност меѓу себе и не обрнуваат внимание на судбина или некоја предодреденост.

8-znaci-so-koi-univeruzmot-ve-predupreduva-deka-ste-na-pogreshen-pat-01.jpg

Но, не сме секогаш свесни за сето она што нè опкружува и често ги занемаруваме знаците дека можеби ни претстои проблематичен период.

Секојдневно се прашуваме дали донесуваме правилно одлуки, дали постапуваме исправно и дали во иднина нè очекуваат среќни моменти. За одговорот на сите овие прашања, само обрнете малку повеќе внимание на знаците од универзумот.

Еве на кој начин универзумот ви покажува дека можеби грешите:

1. Ви се случуваат непланирани одлагања на летови, ги испуштате автобусите и возовите, не можете да најдете такси подолго време и слично.

2. Постојано губите работи – клучот, телефонот, не можете да се сетите каде сте оставиле нешто и каде за последен пат сте го виделе.

3. Се заглавувате во сообраќај кога воопшто не сте очекувале, се откажува некој настан на кој сте планирале да присуствувате кратко време пред да почне и слично.

4. Несмасни сте – сè ви паѓа од рака, се сопнувате, се истурате со кафе и слично.

8-znaci-so-koi-univeruzmot-ve-predupreduva-deka-ste-na-pogreshen-pat-02.jpeg

5. Имате чудно внатрешно чувство кое е сè поизразено и интуицијата често ве предупредува да внимавате.

6. Не можете да заспиете навечер, без некоја очигледна причина.

7. Имунитетот ви опаѓа и подложни сте на болести и настинки.

8. Често се карате со луѓето околу вас, без некоја посебна причина, нервозни сте и нетрпеливи.

Ако често се наоѓате во вакви ситуации, тоа е знак дека време да ги преиспитате одлуките и да промените нешто.

Погледнете ги работите од друг агол, послушајте ги советите на некој ваш близок или едноставно станете посвесни за сето она што ви се случува и обидете се да извлечете поука за понатаму.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Сигурни знаци дека некој ве лаже, според ФБИ агент Кои знаци може да ги разоткријат личностите што се обидуваат да ве излажат? На к...
8 знаци дека облеката е неквалитетна (и ќе се уништи по 2-3 носења) Џемпери кои имаат повеќе акрил отколку природни материјали и несиметрични џебови...
Кои светски ѕвезди се родени во знакот на Близнаци? (фото) Од Анџелина Џоли и Кајли Миног, до принцот Вилијам и оскаровецот Килијан Марфи -...
Празен паркинг и уште 6 знаци дека е подобро да го напуштите хотелот, според вработени Прегорените сијалици и прашината во лобито се само дел од ситниците што покажува...
Знаци дека вашата пријателка е во насилна врска (и можеби ѝ треба помош) Партнерот не ѝ дозволува да излегува со вас, нагло го променила стилот на облеку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg