25 работи што вреди да ги направите додека студирате

Велат дека студентските денови се едни од најубавите моменти во животот на секого. Но, како и сè друго што е убаво, и тие кратко траат, па добро е да ги искористите на најдобар можен начин.

25-raboti-shto-vredi-da-gi-napravite-dodeka-studirate-01.jpg

Има многу работи што треба да ги направите додека студирате и иако за дел од нив ќе си речете дека нема потреба да ги правите, сепак во подоцнежните години можеби ќе се покаете за таа одлука.

Во продолжение прочитајте кои се работите кои вреди да ги направите додека студирате:

1. Отпатувајте во друга земја.

2. Научете нов јазик.

3. Искористете ги сите предности на библиотеките.

4. Научете да си го зготвите омиленото јадење.

5. Разговарајте и споделувајте мислења за разни теми со најразлични луѓе.

6. Одете на некоја спектакуларна забава, во или надвор од земјата во која живеете.

25-raboti-shto-vredi-da-gi-napravite-dodeka-studirate-02.jpg

7. Научете да пишувате кратка биографија и мотивациско писмо.

8. Посетете предавање по некој предмет за кој немате никакви предзнаења.

9. Волонтирајте.

10. Вклучете се во некоја локална граѓанска организација.

11. Читајте книги, прирачници, учебници...

12. Посветете се на некое хоби за кое имате страст.

13. Останете будни цела ноќ и уживајте во изгрејсонцето.

25-raboti-shto-vredi-da-gi-napravite-dodeka-studirate-04.jpg

14. Правете грешки. Само така ќе научите.

15. Земете си слободна година. Патувајте, работете, волонтирајте – само така ќе знаете во кој правец сакате да се движите во иднина.

16. Искористете ги картичките со студентски попусти.

17. Искачете се на некоја планина и уживајте во глетката.

18. Посетувајте музеи, кино, театри и културни настани.

19. Ако имате можност, живејте без родителите одредено време.

20. Дружете се со пријателите што е можно почесто.

25-raboti-shto-vredi-da-gi-napravite-dodeka-studirate-03.jpg

21. Почнете да штедите, колку и да мислите дека немате доволно пари.

22. Откријте ги сите места во градот во кои има вкусна храна.

23. Пробајте некој спорт.

24. Ако имате можност, студирајте една година во друга земја.

25-raboti-shto-vredi-da-gi-napravite-dodeka-studirate-05.jpg

25. Бидете безгрижни и уживајте во студентскиот живот, без да ги сфаќате работите премногу сериозно.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg