Имате уникатно име или презиме? Сигурно се судирате со овие маки
Уникатното име што ви го дале, или пак нетипичното презиме, кое го наследивте од вашите родители, понекогаш може да предизвика проблеми.
Колку и да е убаво чувството што се издвојувате од другите, има цела низа борби со кои се судирате во животот и понекогаш само посакувате да имавте некое едноставно, дури и здодевно, име или презиме само за полесно да ви го запомнат.
Еве дел од секојдневните битки кои ги разбираат само луѓето со уникатно име или презиме:
Тешко за изговарање
Вие не мислите дека вашето име или презиме е тешко за изговарање, но за жал за остатокот од светот изгледа дека тоа е најтешката работа.
Понекогаш треба да им кажете дури и по некој збор што се римува со вашето име или презиме со надеж дека полесно ќе го запомнат и ќе знаат да го изговорат.
Запознавање нови луѓе = хорор
Воздивнувате болно кога треба да запознавате нови луѓе и да ги гледате како се мачат да го изговорат вашето име или презиме на глас.
На крајот мора да направите шега околу тоа дека имате уникатно име или презиме и да го изговорите наместо нив.
Поправање на луѓето
Луѓето како да сакаат вашето име или презиме да го изговорат погрешно, па вие бескрајно да ги поправате буква по буква.
И да, тоа ве нервира.
Мора да измислите прекар
Кога е вашето име во прашање, по години конфузија кај другите, одлучивте да си дадете лесен прекар. Некоја едноставна кратенка која нема да им претставува проблем ниту на колегите, ниту на личниот тренер.
За вас нема персонализирани подароци
Доколку не се направи специјална нарачка, за вас нема персонализирани подароци. Не постојат приврзоци, маички и шолји со вашето име.
Да не ве потсетуваме и за срцекршачкото искуство кога некои големи брендови започнуваат кампањи со перзонализирани продукти. За вас нема!
Болки од училишните денови
Како првиот ден на училиште за вас да не беше доволно трауматичен, па уште и професорите мака мачеа да го изговорат вашето име или презиме и сите очи беа насочени кон вас. Секојпат кога се сретнувавте со нов професор, приказната беше иста, одново и одново.
Читаа од дневникот, па доаѓаа до вас, па пауза и очаен поглед, и ве прашуваа како да го изговорат ова уникатно име или презиме.
Толку многу прашања...
Само затоа што имате уникатно име или презиме, сите мислат дека имаат слобода да ви постават тон прашања.
Кое е значењето на името, како вашите родители дошле на идеја да ви го дадат, а ако станува збор за презимето, ве прашуваат од каде имате потекло, па информации за целата семејна лоза итн.
Не знаете што да им кажете, па дури помислувате да им дадете телефонски број од родителите за да им досадуваат ним со овие прашања.
...и по некоја осуда
Имате чудно име или презиме и веднаш ве судат. Веднаш претпоставуваат дека сте странец или пак дека сте малку чудни.
Ништо од горенаведеното, вие сте сосема обични, исто како и тие.
Навредливи шеги
Вашето име или презиме како да е покана за „креативците“ постојано да смислуваат шеги за да ве задеваат, особено во периодот од училишните клупи.
Кога ќе погледнете наназад, зачудени сте колку децата може да бидат нечувствителни и колку и да е убаво вашето уникатно име или презиме, да смислат злобни шеги за него.
Секогаш погрешно напишано во документи
Ако добивавте некоја симболична сума пари секојпат кога вашето име е напишано погрешно во мејлови или официјални документи, досега ќе имавте доволно пари за да си купите стан во некоја луксузна населба.
С. С. | Црнобело