Зошто McDonald's има жолто-црвено лого?
Скоро и да не постои некој што не слушнал за McDonald’s или не ја пробал нивната толку вкусна (иако не многу здрава) храна.
Овој популарен ланец постои уште од 1940-та година, а денес брои ресторани во 119 држави во светот. Нивното жолто-црвено лого е препознатливо насекаде, а има интересна причина зошто се одбрани токму овие две бои.
Гледано од психолошки аспект, црвената боја асоцира на глад и апетит, а жолтата буди чувство на среќа кај луѓето. Комбинацијата од овие две бои означува динамичност и брзина – влегуваш, јадеш и си одиш среќен и задоволен.
Освен ова, жолтата боја е боја која најмногу се гледа на дневна светлина, па затоа буквата М од логото на McDonald’s се познава уште од далеку.
Експертите за маркетинг велат дека јазикот на боите е многу важен во смислувањето на логоа и реклами, па тоа е најдобриот начин на комуникација со пазарот и привлекување клиенти.
М. В. | Црнобело