Што всушност претставува феноменот наречен плацебо ефект?

Плацебо ефектот навистина постои, без разлика дали верувате или не верувате во неговата моќ, а доказ за тоа се разните научни истражувања за овој интересен феномен кои постојано се прават во светски рамки.

shto-vsushnost-pretstavuva-fenomenot-narechen-placebo-efekt-01.jpg

Обично, експериментите се состојат од две групи луѓе кои чувствуваат болка во одреден дел од телото. На луѓето од едната група им се дава вистинско апче, а на другата нешто друго што не е апче, но има таков облик.

Процентот на оние кои изјавиле дека болката се намалила откако го испиле „лажното“ апче, незнаејќи дека е лажно, е секогаш малку повисок од оние кои го испиле вистинското апче.

Плацебо ефектот значи дека мислите се оние кои најефикасно делуваат врз човекот, а не реалните начини за лекување, како на пример таблети, терапии, па дури и мали операции. Психолозите од Универзитетот Харвард велат дека на пациентите им е подобро не од терапиите, туку од самата посета и разговор со лекарот, како и одредени симболи и ритуали за кои си мислат дека ќе им помогнат во нешто.

shto-vsushnost-pretstavuva-fenomenot-narechen-placebo-efekt-02.jpg

Речиси една третина од пациентите ги губат симптомите за некоја болест или настинка без терапија, туку само врз основа на овој феномен. Тие во текот на лекувањето постојано се надеваат дека она што го прават ќе им помогне и ги фокусираат мислите на тоа, па затоа и навистина имаат добри резултати.

Во човечкиот мозок земањето апчиња значат дека состојбата се подобрува и мозокот создава ги создава истите хемикалии кои се создаваат кога апчето се заменува со нешто друго (плацебо).

Иако не треба слепо да верувате на сите истражувања што се прават во светот, имајте го ова на ум следниот пат кога ќе ви се јават симптоми и ќе отидете на лекар.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред и потоа фото споредби: Луѓе гордо ја покажуваат новата насмевка, откако ги извадиле протезите Секој кој носел протези многу добро знае дека целото искуство е мошне тешко. Дод...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Ситници во домот за кои гостите нема да ви преречат, но сигурно ги забележуваат Валкан под во кујната и мали дефекти низ домот – за кои ситници гостите можеби н...
Жени откриваат: „Работи кои сакаме мажите конечно да ги разберат за нас“ „Менструалните болки за некои жени се многу болни и жените не драматизираат“. По...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg