Како изгледаат 24 часа од животот на еден милијардер?
Богатството на Ричард Бренсон, основачот на Virgin Groups која контролира повеќе од 400 компании, Forbes го проценува на 5 милијарди долари.
Тој и на 67 години, очигледно нема намера да се пензионира, а најголем дел од времето поминува работејќи на невладини иницијативи.
Сигурно сте слушнале многу за него и неговиот успех, но дали знаете како изгледа неговото секојдневие?
Еден ден од животот на Брансон:
Бренсон станува секој ден во 5 часот наутро.
„Раното будење ми дава време да постигнам сѐ и денот да ми тече ефективно.“
Тој многу време поминува со своето семејство и наутро сите заедно појадуваат. Како што вели, семејството му е многу важно и му дава енергија пред да му започне работниот ден.
Неговите омилени слободни активности се kitesurfing, пливање, возење велосипед и играње тенис.
Тој е познат по неговите карактеристични учества на натпревари, како на пример кога во 2010-та трчал маратон облечен како пеперутка, а претходно сурфал со гола манекенка на грб.
Исто така се натпреварувал и на бранови со поранешниот претседател на САД, Барак Обама.
„Не постои ништо како чувството на слобода, возбуда и спојување со природата, а секако и адреналинот кој го дава kitesurfing-от.“
Бренсон не станува рано само заради себе, туку и за да може да исконтактира со луѓето од канцелариите кои се во различни временски зони. На работа, тој не носи скапи одела и кравати.
„Мразам кравати. Не можам дури ни да сфатам како се ставаaт.“
На работа ги следи сите работи поврзани со неговата компанија, но следи и други социјални мрежи, чита вести и постојано е во контакт со вработените.
„Да се биде модерен бизнис лидер значи да бидете во тек со сите случувања и точно да знаете за што да зборувате. Јас секогаш сум во контакт со мојот Virgin тим.“
Секаде со себе го носи својот нотес, а за тоа вели:
„Тајната на мојот успех е што запишувам сѐ. Не можам ни да замислам што би се случило со мене ако немав пенкало и лист при рака, да ги запишам сите идеи кои ми паѓаат на памет.“
За да го одржи нивото на енергија во текот на денот, Бренсон пие 20 шолји чај – бел, без шеќер, а кога станува збор за храната, милијардерот најмногу сака сендвичи со јајца, како и чорба од неговата сопруга и месо.
Уште едно хоби на Ричард е шахот. Тој не би бил тој ако постојано не се обидува да ги достигне светските рекорди во сѐ.
Не е љубител на телевизија, но ужива во старите филмови, а ги слуша Мајк Олдфилд и „Sex Pistols“.
По работниот ден и слободните активности, тој ужива во вечера со семејството и пријателите, а си легнува околу 11 часот навечер, бидејќи 6 часа спиење му биле доволни.
Милијардерот вели дека е важно да му пристапуваме на животот со чувство за авантура:
„Авантуристичкиот дух нѐ мотивира да си поставиле цели, да се движиме кон нив, да се соочуваме со тешки проблеми и работи и да достигнеме незамисливи висини.“
М. М. | Црнобело