Од извинување до провокација: Кој збор не треба да го користите при барање прошка?
Кога некого сте го навредиле или повредиле со своето однесување, секако треба да се извините и побарате прошка. Но, вашето извинување лесно може да се претвори во провокација, доколку кажете само еден погрешен збор. А, за кој точно збор се работи, ви откриваме во продолжение од текстот.
Внимателното бирање на зборовите е и тоа како важно при барањето прошка за сопствените погрешни постапки.
Доволен е еден несоодветен збор, за извинувањето да прерасне во провокација за другата страна, со што само дополнително ќе ја влошите ситуацијата.
Токму тоа може да го постигнете со користење на зборот „ако“ во својата изјава. Три важни букви, кои прават голема разлика. Затоа, бидете внимателни.
„Прости ми што те повредив!“ не звучи исто како и „Прости ми ако те повредив!?“.
Разликата е во тоа што зборот - „ако“ - служи како поттик за другата особа да ја преиспита вашата искреност.
Исто така, може да остави впечаток дека на тој начин, вие всушност ја потпрашувате, сомневајќи се во нејзината реакција. Поради тоа, и нејзиниот став може да стане одбранбен.
Во таков случај, веќе нема да ја интересира она што имате да го кажете, без оглед на тоа колку вашите намери биле искрени.
Од извинување до провокација, ве дели само еден збор. Избегнувајте го при барањето прошка.
М. А. | Црнобело