8 најчудни работи кои ги исфрлиле морињата и океаните
Длабоките води се полни со мистерии токму заради неможноста да ги истражиме целосно.
Иако сите очекуваме да кријат мистериозни суштества и паралелни подводни светови, сепак некогаш работите се многу почудни.
Па, ако мислевте дека на брегот може да видите само школки, камчиња и по некое залутано морско еже, подгответе се за изненадување.
8-те најчудни работи кои ги исфрлиле морињата и океаните:
1. Лего фигура
Во 2007-ма година голема Лего фигура со висина од 2,4 метри беше пронајдена на брегот во Холандија.
2. Контејнери со роба
Во 2007-ма на плажа на брегот на Девон во Англија испливуваат контејнери полни со роба по пропаѓањето на товарен брод. Во нив имало од вино до BMW мотори.
3. Дел од ракета
Во 2016-та на плажите во Јапонија беше откриен дел од ракета која се верува дека била лансирана истата година.
4. Око на непознато суштество
Необичното око било пронајдено на плажа на Флорида во 2012-та година. До ден денес не се знае на какво суштество припаѓа.
5. Непознато беспилотно летало
Во 2008-ма, на мирниот брег во Шкотска бил пронајдено воено летало без никакви ознаки.
6. Коцка
Големата метална коцка испливала во март 2017-та во близина на Ајдахо.
7. Остатоци од вселенски брод
Во 2015-та на плажа на Бахами биле пронајдени остатоци од вселенски брод.
8. Киндер изненадувања
Во јануари 2017-та децата на германскиот остров Лангеог биле пресреќни. За време на бура, товарниот брод кој пренесувал Киндер играчки, изгубил неколку контејнери кои подоцна се нашле на брегот на Лангеог.
М. Д. | Црнобело