На кое место во светот би се нашле ако ископаме дупка во земјата по права линија?
Кога бевме мали, се прашувавме на кое место во светот би се нашле ако ископаме дупка во земјата под нас по права линија.
Со напредокот на технологијата добивме одговор на многу прашања, па и на ова. Antipodes map e интерактивна мапа која го покажува токму овој експеримент.
Само треба да ја внесете адресата од каде што сакате да го почнете патувањето, а мапата ќе ви покаже на кое место ќе стигнете ако копате дупка по права линија во спротивната насока.
Според основачите на оваа мапа, повеќето копнени места во Северна Америка и Европа имаат свои антиподи во вода, па многу е веројатно да завршите во некое море или океан.
Ако сакате да се најдете на копно, основачите направија мапа на градови кои се антиподи еден на друг.
А, еве и каде би се нашле ако копаме од нашата земја. Дури во Тихиот Океан!
М. В. | Црнобело