8 грешки кои треба да ги избегнувате ако сакате полесно да се будите наутро
Ретко кој не сака наутро да поспие малку повеќе и дури и кога ќе си легнеме порано, станувањето наутро е секогаш тешко кога нѐ чекаат обврски.
Често за тоа го обвинуваме стресот, заморот и динамичниот живот, но понекогаш утринската мрзеливост нема никаква врска со тоа.
Речиси сите имаме неколку лоши навики заради кои немаме добар сон и не сме доволно наспани.
Погледнете кои се тие:
Немате рутина за легнување
Заспивањето во различно време од ноќта секој ден може да го наруши циклусот на биолошкиот часовник и тоа да предизвикува замор. Создадете си навика на легнување во исто време секоја вечер.
Надокнадување на сонот за време на викенд
Ако спиете 5-6 часа во текот на работната недела, а за викенд дупло повеќе од тоа, ќе го нарушите ритамот на телото.
Нарушувањата на сонот може да предизвикаат и други проблеми во телото, па затоа обидувајте се времетраењето на сонот секојдневно да не варира повеќе од 1 час.
Стискате „snooze“ на алармот
15 минути повеќе од наместеното време на алармот нема да ви направи ништо добро. Со оддолжување, може само да паднете во фаза на длабок сон и да се разбудите подоцна многу поизморени.
Местете го алармот за времето кога точно сакате да станете и обидете се да го почитувате тоа.
Премногу светлина во собата
Ако до вашите очи допре било каква светлина, телото го сопира излачувањето на хормонот за спиење мелатонин, што може да доведе до нарушување на сонот.
Овој ефект се добива без разлика дали светлината е природна или вештачка како онаа од телефон или телевизор.
Го прескокнувате појадокот
Појадокот му помага на биолошкиот часовник да почне да одбројува време до следниот одмор. Ако помине премногу време помеѓу будењето и јадењето, во вашето тело се зголемува нивото на стрес хормонот кортизол.
Јадење скроб и блага храна пред спиење
Јадењето пред спиење е штетно не само за телото туку и за вашиот сон. Посебно ако се работи за храна која предизвикува покачување на нивото на кортизол во вашето тело.
Овој ефект трае 5 часа, па затоа избегнувајте пица, торти, колачи или домати 5 часа пред да си легнете и заменете ги со полесна храна како јогурт или помалку масно месо.
Неуредна спална соба
Претрупана соба со непотребни работи е само потсетник на вашите обврски кои не сте ги довршиле во текот на денот, според истражувањата.
Спротивно на тоа, уредно средената соба ве стимулира да си легнете порано и да уживате во сонот. За да се наспиете добро, средувајте ја собата редовно.
Топол туш пред спиење
Натопувањето на телото во топла вода може да ве релаксира и да ве успие, но не веднаш. Причината е тоа што паѓањето на температурата на телото е еден од сигналите кои телото ги испраќа дека е време да си легнете, а топлиот туш го попречува тоа.
За да го избегнете овој проблем, туширајте се 1-2 часа пред спиење.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





