Откриени триковите на џепчиите: Како да се заштитите од кражби?

Џепчиите, односно оние кои крадат од џебови или чанти, не се само улични професионалци, туку и многу паметни психолози (барем дел од нив).

trikovi-koi-gji-koristat-djepchiite-pri-krazhba-01.jpg

Некои од нив имаат толку големо знаење во нивната област, што дури и ги канат да учествуваат во истражувања за проучување на човечката свест.

Тие се толку умешни во нивниот „бизнис“ што речиси никој не може да забележи што прават, ниту пак да се посомнева во кражба.

Сигурно многу често сте предупредени да внимавате на кражбите кога одите на патување, бидејќи туристите им се омилени жртви на џепчиите.

Но, за во иднина да бидете повнимателни, прочитајте ги најчестите трикови со кои тие се служат и не дозволувајте да ве измамат:

Класична кражба – туркање на улица

Еден од крадците случајно ќе ја турне жртвата, а друг „случаен минувач“ го зема паричникот од чантата на жртвата или џебот. Понекогаш двајцата крадци глумат дека се расправаат во јавност за да им го одвлечат вниманието на другите.

Трик со слушалки

Луѓето кои носат слушалки се најлесна цел бидејќи тие целосно се дефокусирани и не гледаат што се случува во околината заради музиката. Најлесно е да им се украде телефонот, така што полека ќе ги откачат слушалките и ќе го земат.

Жртвата прво ќе помисли дека музиката веќе не свири заради слушалките, па дури потоа ќе сфати што се случило, а дотогаш крадецот исчезнал.

Храбри измамници во јавен превоз

За време на најголемата гужва во големите градови, ако сте последен човек што ќе влезе во јавниот превоз и стоите до вратата, држете ги цврсто вашите работи.

Има типови на крадци кои трчаат покрај вратите секунда пред да се затворат и земаат што ќе фатат од вашите раце. Пред да сфатите што се случува, вратите ќе се затворат.

Ако некој ве турне и застане на вашето место, никогаш не му го вртете грбот! Тоа е целта – ќе се завртите кон другите, а вашата чанта ќе му биде на дофат. Во исто време, крадецот може да изгледа целосно невино пред другите, бидејќи може да гледа во телефон и да краде.

trikovi-koi-gji-koristat-djepchiite-pri-krazhba-02.jpg

Трикови во ресторан

Ако го закачите палтото на стол, тоа е како да ги молите нечесните луѓе да ве ограбат. Сѐ што треба да направат е да ви го одвлечат вниманието. На пример, да изглумат кавга на другата маса и додека вие уживате во шоуто некој да ви ги украде работите.

Ако го оставите палтото во јавен гардеробер, оној кои ги чува сите палта може да ви ги испразни џебовите, преправајќи се дека палтото е негово и бара нешто во џебовите.

Ако видите група на луѓе што ќе влезат заедно, па ќе се разделат, ќе седнат одвоено и зборуваат на телефон, бидете сигурни дека си бараат жртва.

Трикови со мапа

Во градовите кога има гужва од туристи, се наоѓаат и крадци кои се преправаат дека се исто така туристи. Тие ќе ви покажат мапа и ќе побараат да им покажете каде се наоѓа некоја локација.

А, додека вие искрено се обидувате да објасните, лажниот турист ќе пробуричка во вашата чанта или џеб, секако професионално и без да почувствувате. Ако се обидуваат да ви ја донесат мапата поблиску до лицето, тие се сомнителни.

trikovi-koi-gji-koristat-djepchiite-pri-krazhba-03.jpg

Метод на потурање

Ова најчесто се случува во близина на банкоматите. Крадецот ќе истури „случајно“ пијалак или сладолед на жртвата која тукушто извадила пари.

Потоа тој се извинува од срце, се обидува да помогне жртвата да се исчисти, а во меѓувреме ги „чисти“ и џебовите незабележливо.

Деца кои бараат помош или просат

Деца во помала група влегуваат во ресторан или кафуле и сите изгледаат на гладни бездомници  кои бараат помош.

Додека вие ги жалите кутрите дечиња и барате нешто ситно да им дадете, некој поискусен од нив ќе собере сѐ што ќе најде на масата.

trikovi-koi-gji-koristat-djepchiite-pri-krazhba-04.jpg

Продавање

Дали некогаш ви пришол бездомник кој се обидува да ви продаде цвеќе или марамчиња за смешна цена? Не ги купувајте дури и ако ве молат, се обидуваат да ве прегрнат или да се ракуваат.

Тоа е трик за да ви го одвлечат вниманието и да ви го земат часовникот од рака или да ги испразнат џебовите.

Хуманитарни акции

Одвреме-навреме има луѓе кои шетаат по ресторани или доаѓаат од врата на врата и се обидуваат да соберат средства за лекување или сакаат да потпишете некоја петиција.

Додека вие читате или се потпишувате, тие ќе земат сѐ што можат во ваша близина.

Пијани и ранливи

Овој метод обично функционира на луѓето кои пијат во баровите, односно не се способни да размислуваат трезно и свесно.

Случаен човек може да дојде и да се обложи дека може да ја погоди тежината само со кревање во раце на жртвата. Додека ја држи жртвата во раце, крадецот ќе ги украде од џеб телефонот или паричникот. Сигурно никој пијан нема да се посомнева.

trikovi-koi-gji-koristat-djepchiite-pri-krazhba-05.jpg

Персонал за услуги во хотели

Трикот обично функционира на постари луѓе кои не се многу подвижни – крадецот се нуди да им помогне со багажот и да го однесе до собата, ги зема и оди побрзо по скалите, проверувајќи ги чантата и паричникот по пат.

Замка во маркети

Ако сте од оние кои сакаат да си ја стават чантата во количката за пазарување, можете да наседнете на трикот многу едноставно. Овие крадци може да ви пријдат и да ви побараат помош со некој производ кој не можат да го дофатат.

Додека вие се фокусирате да помогнете, тој ќе пробуричка во чантата и ќе собере што може. Најверојатно вие ќе забележите дури кога ќе треба да платите.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
8 типично машки работи кои и жените ги користат со задоволство Широки палта со многу џебови, едноставни машки маички... Знаете ли кои предмети ...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Трикови што ги користат крадците и измамниците низ популарните европски дестинации Лажни питачи, улични изведувачи – измамниците и крадците низ европските градови ...
Трикови за да откриете дали накитот што го купувате е вистински или копија? Знаете ли дека вистинските бисери имаат рапава површина, а не мазна и дека траги...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg