5 работи кои секојдневно ги користите, а му наштетуваат на здравјето
Многу често компаниите користат посебни методи со кои ни влијаат и нѐ тераат да ги купиме нивните производи, кои воопшто не ни се ни потребни.
Сепак, можеби и не е толку страшно ако купиме нешто што нема толку често да го користиме.
Опасноста е во оние производи кои ги користиме многу често, а не знаеме или пак го игнорираме фактот дека се штетни за нашето здравје.
Повеќето работи ги има во речиси секој дом, а е докажано дека се опасни.
Погледнете ја листата:
Пластични садови за складирање храна
Пластиката само по себе не е тоа што е опасно, туку хемикалиите кои производителите ги користат за да ги направат садовите поцврсти. Честото перење, загревање и контакт со храна, ја прават ситуацијата уште полоша.
Пластиката станува токсична и опасна по здравјето, па затоа не треба да ги користите пластичните кутии повеќе од 5 месеци и не ги ставајте во микробранова.
Крокс
Многу луѓе насекаде низ светот обожаваат да ги носат овие едноставни и секојдневни влечки, но тие не ја обезбедуваат потребната стабилност и удобност за петата.
Нестабилностата на делот кај петата може да предизвика различни проблеми, како деформирање на стапалото, плускавци и болка во нозете.
Друг проблем е тоа што делот помеѓу прстите и петата со тек на време многу омекнува, а за сите чевли од клучно значење е да бидат цврсти за да не ви биде неудобно одењето.
Маскара
Внимавајте добро на состојките на маскарата кога ја купувате. Некои состојки (како парабен, алуминиумски прав и пропилен гликол) може да бидат многу опасни за здравјето на вашите очи.
Избегнувајте користење туѓа маскара бидејќи може да создадете бактерија и габична инфекција која може да доведе до посериозен проблем.
Нелепливи тави
Перфлуоринираните хемикалии кои се користат за нелепливата површина на тавите за пржење не се опасни сами по себе. Но, кога температурата ќе надмине 230⁰С, површината за пржење испушта одредена количина на отровни супстанци.
Данските истражувачи откриле дека присуството на отровните хемикалии во крвта на човекот може да предизвикаат сериозни заболувања како рак.
Антибактериски сапун
Триклосанот, односно антисептик кој се користи во антибактериски сапуни е докажано дека е отровен. Триклосанот може да го ослаби имунолошкиот систем и да направи телото да биде отпорно на антибиотици.
Исто така може да предизвика хормонален дисбаланс. Антибактериските сапуни се само маркетиншки трик, а истражувањата покажуваат дека секоја бактерија може да се испере и со обичен сапун.
М. М. | Црнобело