Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


9 работи што жените никогаш нема да ги разберат за мажите

Веќе е добро позната фразата „Мажите се од Марс, а жените од Венера“.

9 raboti shto zenite nema nikogash da gi razberat za mazite 01

Тие се толку различни што често имаат проблем да ги сфатат навиките и однесувањата на спротивниот пол.

Од болката во тестисите до потребата да не се изусти ниту збор, еве кои работи жените никако да ги разберат за мажите:

Комплименти

Секоја личност на планетата сака да добива комлименти. И мажите сакаат кога жените ќе ги пофалат нивниот изглед, фризура, карактер или стил.

Ова е една од причините зошто понекогаш некои мажи знаат премногу да ги опсипуваат жените со комплименти. Златното правило гласи: „Третирај како што сакаш да те третираат.“

Глумење недостижни

Повеќето девојки глумат недостижни. Понекогаш мажите ги ценат жените, кои не се лесен плен, но претераноста предизвикува проблем и тие воопшто не приоѓаат.

Болка во тестисите

Многу е тешко справувањето со болката во тестисите. Ако те удрат во глава, главата боли, но ако те удрат долу тестисите болат, а потоа болката мигрира низ тебе, низ твојата утроба, лицето и главата.

Молчење

Кога мажите седат и не кажуваат ниту збор тоа не значи дека се лути. Може немаат што да додадат на разговорот или се само уморни или пак се загрижени за иднината.

Понекогаш дадете им личен простор.

Неконтролирана ерекција

Ако вашето момче добие ерекција тоа не значи дека мисли на секс.

Тој не може да го контролира тоа, па не се вознемирувајте веднаш дека не сте му привлечна ако не може да стартува со акцијата, можеби е само уморен или преоптоварен со проблеми.

Притисок од општеството

Општеството става голем притисок на нивните рамена да бидат „мажи“. Мажественоста е меч со две острици. Компетитивната природа знае да им донесе повеќе од што може поднесат.

Не може да живее сам

Повеќето луѓе имаат предрасуди дека маж не може да живее сам и дека не умее да се испере и да си зготви себеси и на пријателите.

Ако некој маж знае сам да одржува домаќинство го гледаат сомнително.

Машки код

На момците не им се потребни зборови за да комуницираат еден со друг. Само со едно климање на главата може да оддадат почит за делото на другиот.

Бричењето на лицето е поздодевно од депилирањето со восок

Сите сакаат мазни површини, но ако девојка скокне некој ден за депилацијата никој нема да забележи.

Кај мажите ситуацијата е многу поочигледна, па и само еден прескокнат ден за бричење на лицето многу значи. Тие ја мразат оваа обврска.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Примери за подвоени стандарди меѓу мажите и жените што (за жал) сè уште се прифатени, низ илустрации Во приказните, мажот што лета е „супермен“, а жената е „вештерка“. Кога тато ги ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg