15 најголеми нешта коишто ги создала природата (фото)

Имало време во кое земјата била покриена со суштества многу поголеми од нас и тие биле вистински прaисториски џинови. Но, дури и денес природата може да нè изненади со своите гиганстки креации.

15-najgolemi-nesta-koisto-gi-sozdala-prirodata-01.jpg

Погледнете зошто природата ја нарекуваат креатор на најголемите чуда во светот:

Дрвото Секвоја

Секвоја дрвјата се најголемите живи организми на платетава, според својата зафатнина. Тие може да пораснат до 84 метри височина и 8 метри во дијаметар.

15-najgolemi-nesta-koisto-gi-sozdala-prirodata (1).jpg

Амфикоелиа

Овој диносаурус е најголемото суштество коешто некогаш живеело на земјата. Овие тревопасни диносауруси живееле пред околу 145-161 милиони години. Тие можеле да пораснат до 58 метри во должина и еден пршлен од рбетот бил околу 2,5 метри голем.

15-najgolemi-nesta-koisto-gi-sozdala-prirodata (16).jpg

Титанобоа

Титанобоата е близок роднина на змијата боа, но е многу поголема. Овој вид на боа живеел пред околу 58-61 милиони години и можел да достигне должина од 13 метри. Најголемата змија којашто денеска постои во природата е питонот со максимална должина од 7,5 метри.

15-najgolemi-nesta-koisto-gi-sozdala-prirodata (15).jpg

Џекфрут

Ова е најголемото овошје коешто расте на дрво во светот. Потекнува од фамилијата на дрва како што се смоквата, дудинката и лебното дрво, а неговиот плод може да достигне до 90 см во должина, 50 см во дијаметар и до 36 кг тежина.

15-najgolemi-nesta-koisto-gi-sozdala-prirodata (14).jpg

Аргентавис

Најголемата птица која што некогаш живеела на лицето на земјата пред 5-8 милиони години имала распон на крилјата од скоро 7 метри и се хранела со глодачи.

15-najgolemi-nesta-koisto-gi-sozdala-prirodata (3).jpg

Рајската пештера

Оваа пештера е една од пештерите во националниот парк Понг На-Ке Банг во Виетнам и е прогласена за најголема и најубава пештера во светот. Најголемата комора е повеќе од 5 км долга, 200 метри висока и 150 метри широка.

15-najgolemi-nesta-koisto-gi-sozdala-prirodata (13).jpg

Рафлезија

Најголемиот цвет на светот може да достигне дијаметар од 100 сантиметри и покрај неговата големина познат е и по мирисот на расипано месо кога цвета.

15-najgolemi-nesta-koisto-gi-sozdala-prirodata (12).jpg

Џиновски елен

Овој елен се појавил пред околу 2 милиони години на земјата. Кога почнале шумите да се шират низ големите рамнини овој вид на елени изумрел, бидејќи му сметале огромните рогови кои биле преку 5 метра широки и оневозможувале лесно движење низ гранките.

15-najgolemi-nesta-koisto-gi-sozdala-prirodata (11).jpg

Огромната габа

Armillaria ostoyae е еден од најголемите живи организми на земјата и покрива 8,4 квадратни километри во Малер Националниот парк во Орегон и е во најголем дел скриена под земја.

15-najgolemi-nesta-koisto-gi-sozdala-prirodata (10).jpg

Меростоми

Ова се најголемите познати артроподи во историјата на земјата. Тие можеле да пораснат и до 2,5 метри должина и живееле пред 248-510 милиони години.

15-najgolemi-nesta-koisto-gi-sozdala-prirodata (8).jpg

Големиот корален гребен

Ова е најголемата светска структура изградена од живи организми. Се наоѓа во Коралното море и се протега 2300 километри на површина од преку 344,400 квадратни километри.

15-najgolemi-nesta-koisto-gi-sozdala-prirodata (7).jpg

Џиновска кратконоса мечка

Кога оваа мечка ќе се исправела на задните нозе можела да достигне 4,5 метри висина. Со своите силни вилици била едно од најголемите месојадни животни коешто живеело на земјата во периодот на леденото доба. Овие мечки изумреле пред околу 14.000 години.

15-najgolemi-nesta-koisto-gi-sozdala-prirodata (6).jpg

Гигантопитекус

Најголемиот мајмун којшто некогаш постоел, живеел пред околу 1 милион години. Се верува дека бил висок околу 4 метри и тежел 550 килограми и воглавно се хранел со бамбус.

15-najgolemi-nesta-koisto-gi-sozdala-prirodata (5).jpg

Квецалкоатлус

Овој птеродактил живеел пред 66-68 милиони години и бил најголемото летачко суштество во историјата на земјиното постоење. Распоното на крилјата му бил 15-15 метри, а се хранел со мрша и мали рбетници.

15-najgolemi-nesta-koisto-gi-sozdala-prirodata (4).jpg

Синиот кит

Синиот кит е најголемото животно коешто денес постои на планетата земја и истовремено е и најголемиот цицач во земјината историја. Тој може да достигне до 33 метри во должина и 150 тони тежина.

До 1960 години поголемиот број на сини китови биле речиси целосно истребени и преостанати биле само 5.000 единки. Денес се верува дека нема повеќе од 10.000 сини китови во океаните.

15-najgolemi-nesta-koisto-gi-sozdala-prirodata (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...
Убиства, исчезнувања: Морничави нерешени мистерии поврзани со славни личности Исчезнувањето на актерот Џо Пичлер, но и убиството на Елизабет Шорт која била пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg