Од допири до тајно снимање: Како се флертува во теретана?
Најмногу се додворуваат мускулестите фраери кои позираат пред огледалото, а девојките паѓаат на момци со качулки.
За да дознаат како се флертува во теретана, кој кому приоѓа, но и дали тоа води до нешто посериозно, креаторите на страницата EllipticalReviews.com спровеле интересно истражување на оваа тема. Учество зеле 1.000 мажи и жени што редовно вежбаат во теретана, а добиените податоци се навистина интересни.
За оние кои само сакаат да тренираат во мир, можно е резултатите од истражувањето да ги одвратат од намерата да вежбаат во теретана. Затоа, пак, дефинитивно ќе ги заинтересираат сите тие, што покрај стомачни мускули, одново би сакале да пронајдат и љубов.
А, еве што велат тие:
Паровите кои вежбаат заедно, остануваат заедно
43% од жените одговориле дека мажите им се додворувале во теретана, додека истото го доживеале само 21% мажи од страна на припадничките на понежниот пол.
Сепак, дури 70% од севкупните флертувања крај справите за вежбање, довеле до нешто малку подлабоко. 66% од испитаниците завршиле во кревет со личноста која им се пуштала, 61% од луѓето отишле на состанок, а значајни 24% основале љубовна врска.
Кој има најмногу храброст?
Мажите кои земаат протеини се чувствуваат похрабро, па е 50% поголема веројатноста дека ќе се одважат да ѝ пријдат на девојката, баш како и мускулестите фраери кои позираат пред огледалото, пијат суплементи и обожуваат да прават селфи фотки, открива истражувањето.
Каква облека е најпривлечна?
Кога се жените во прашање, мажите најмногу ги привлекуваат спортските маички без ракави, па шорцевите и хеланките, кои се само малку попопуларни од бициклистичките шорцеви и тренерките.
Жените, пак, најмногу кокетираат со момците кои се облечени во дуксери, па на оние што носат маици без ракави, а сакаат да видат и кошаркарски шорцеви, кратки спортски панталончиња, тренерка и бела маица со куси ракави.
Што е одбивно?
Без оглед на тоа дали сакате да оставите впечаток на топла особа или не, во никој случај не ги допирајте луѓето кои не ги познавате добро.
45% од жените изјавиле дека им било многу непријатно кога некој во теретаната ќе почне да ги пипка, а што го поддржале и 11% од мажите.
Шпиони меѓу нас
Кога се „тајните фотографии“ во прашање, жените се полоши од мажите. 8% од нив признале дека потајно сликале мажи без нивно знаење, додека истото го признале 6% од припадниците на посилниот пол.
М. А. | Црнобело