Ситуации кои секогаш се случуваат во најлош момент

Ви се чини ли понекогаш дека универзумот си поигрува со вас, само за некој добро да се насмее на ваша сметка?

situacii-koi-sekogash-se-sluchuvaat-vo-najlosh-moment-1.jpg

Нека дигне рака личноста што не доживеала барем една од овие мошне непријатни, иритантни или засрамувачки ситуации:

Среќавање на бившата љубов

Непишано правило е дека бившиот ќе го сретнете кога изгледате најлошо.

Со месеци одите во теретана, имате нова фризура, гардероба која покажува дека сте на врвот од својата „игра“, а конечно сте научиле и како да го совладате и најтешкиот трик за разубавување.

Но, се разбира, бившиот ќе го видите дури тогаш кога ќе одлучите само да скокнете до продавница, во стара тренерка, со масни прамени на главата и мозолче на челото, поради кое потсетувате на еднорог.

За работата да биде уште полоша, тој е во придружба на новата девојка, која и среде бел ден е совршено дотерана.

situacii-koi-sekogash-se-sluchuvaat-vo-najlosh-moment-2.jpg

Докажување пред колегите

Сте дошле на ново работно место и имате силна желба да покажете колку сте способни.

Да оставите впечаток на личност која ќе биде одличен колега и уште подобар вработен.

Да, голема е шансата дека на првиот ден во канцеларија ќе имате остатоци од сендвич меѓу забите, на чевлите малку тоалетна хартија, или, пак, здолништето да ви остане заглавено во хулахопките.

situacii-koi-sekogash-se-sluchuvaat-vo-najlosh-moment-3.jpg

Акни, мозолчиња и останати кожни проблеми

Сте забележале ли дека оние најголемите, се појавуваат баш пред свадбата на која ќе биде и вашата соперничка, важниот деловен состанок или годишнината од матура?

situacii-koi-sekogash-se-sluchuvaat-vo-najlosh-moment-4.jpg

Дефект на автомобилот, машината за перење и бојлерот

Ви ја намалиле платата?

Ох, не, универзумот ви испраќа уште еден скап предмет кој мора го поправите, доколку не сакате да перете во ладна вода, да пешачите или да се смрзнете.

situacii-koi-sekogash-se-sluchuvaat-vo-najlosh-moment-5.jpg

Батерија на 0%, а полнач ни за лек

Гарантираме дека ова ќе се случи баш кога очекувате важен повик или порака.

situacii-koi-sekogash-se-sluchuvaat-vo-najlosh-moment-6.jpg

Заборавање на важни имиња

Како е возможно - сѐ уште можете во минута да ги изрецитирате имињата на сите ликови кои некогаш се појавиле во сериите „Беверли Хилс“, „Сексот и градот“ и „Пријатели“, а немате поим како се вика жената со која пред неколку дена сте разговарале на деловниот состанок?

Жената, што може злато да ви вреди кога е кариерата во прашање. Тамара? Тања? Анастасија? Хммм…

situacii-koi-sekogash-se-sluchuvaat-vo-najlosh-moment-7.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
10 ситуации кога луѓето се соочиле со безобразни личности (кои немаат грам срам) Ве иритира ли кога ќе позајмите нешто и ќе ви го вратат оштетено? Или кога еден ...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg