Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кога е време да ставите крај на токсичното пријателство?

Дури и да трае повеќе од 15 години, ако некое пријателство прави да се чувствувате лошо, време е да му се стави крај.

5 znaci deka e vreme da stavite kraj na toksichnoto prijatelstvo 01

Сите сме почувствувале дека за жал некои од пријателствата од училиште не траат засекогаш, но има ии такви кои можат да траат засекогаш.

Треба добро да размислите дали некои од вашите пријателства вреди упорно да ги одржувате. Ако прават да се чувствувате лошо и со нив не сте вистинските вие во својата кожа, тогаш време е за збогум.

Еве неколку сигнали кога е време да се стави крај:

Чувствувате како да станува збор за корист

Некои луѓе се пријатели со вас само затоа што можат да позајмат пари од вас или да ви продадат нешто. Постојано бараат услуги.

Ако направат нешто за вас, за возврат секогаш прифаќаат некој вид на награда (пари или некоја услуга). Размислете дали ви се потребни пријатели или бизнис партнери.

Емоционални манипулатори

Манипулацијата е игра со туѓите емоции. Способност да направите некој да се чувствува лошо или пак да го разведрите. Како да знаете дали некој од вашите пријатели манипулира со вас?

Ако добивате третман на тишина кога ќе ги прашате што не е во ред или се чувствувате помалку самоуверени, сигурни и среќни во нивно друштво, тогаш тргнете се од нив. Вам ви се потребни пријатели со кои ќе се чувствувате слободни да ги споделите мислите, чувствата и да се забавувате.

Сè се чека од вас

Ако ја правите целата работа за вашето пријателство да опстане, тогаш изгледа како да сте вработен, а не пријател.

Време е да започнете штрајк.

Пријатели сте само затоа што припаѓате на иста заедница

Штетно е да одржувате пријателства со луѓе само затоа што припаѓате на иста заедница или имате слична позадина во животот.

Наместо да се фокусирате на овие аспекти, вие започнете да градите пријателства на тулите од искреноста, довербата и поддршката.

Не можете да бидете тоа што сте

Ако треба да го криете вистинското ваше лице и се чувствувате посрамени од себе кога сте со нив, тогаш време е да размислите дали ви е потребно такво пријателство.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg