Живот во страв: Кои се најчестите фобии на луѓето?

Страв ви е да се качите во авион? Се плашите кога ќе видите пајак? Не грижете се, не сте единствени.

zhivot-vo-strav-koi-se-najchestite-fobii-na-lugjeto-02.jpg

Голем број на истражувања во светот докажале дека една од главните причини поради кои луѓето посетуваат психолог е стравот.

За фобија се смета секој ирационален и преувеличен страв без разлика дали е предизвикан од човек, предмет, животно или ситуација.

Како последица од ова може да се јави вртоглавица, недостаток на воздух, мачнини, тресење и забрзано чукање на срцето. Секако, секој поединец различно реагира, па некои може да се соочат и со паничен напад.

Доброто е тоа што постојат голем број на третмани кои можат да помогнат во намалување или целосно исчезнување на фобиите.

Еден од нив е бихејвиоралната терапија каде личноста константно се соочува со својот страв (во контролирани услови) и на тој начин го менува своето мислење и различно реагира на она што и предизвикува непријатно чувство.

Дознајте кои се најчестите фобии со кои луѓето се соочуваат:

Арахнофобија – страв од пајаци

Без разлика колкави се, овие инсекти може да претставуваат вистинска опасност понекогаш, а сѐ почесто се пријавуваат случаи со оваа фобија.

zhivot-vo-strav-koi-se-najchestite-fobii-na-lugjeto-04.jpg

Акрофобија – страв од висинa

Ако се плашите да се качите и на скала, а не па на нешто повисоко, сигурно патите од оваа фобија. Од неа може да се развијат и други стравови како оној од ролеркостер, авион, па дури и возење со лифт.

Клаустрофобија – страв од ограничен простор

Сите знаеме за овој страв, кој може да се развие на секоја возраст, особено после трауматично искуство. Исто така, за разлика од другите, оваа фобија може да се наследи генетски.

Педиофобија – страв од кукли

Ако сте го гледале хоророт со куклата Анабел, ќе ви биде јасно зошто постои оваа фобија. Некои луѓе едноставно се плашат од кукли, дури и од оние со кои си игравме кога бевме мали. Овој страв потекнува од мислењето дека куклата може да им наштети, односно дека одеднаш може да оживее.

zhivot-vo-strav-koi-se-najchestite-fobii-na-lugjeto-03.jpg

Агорафобија – страв од отворен простор, јавни места

Оваа фобија спаѓа во социјалните стравови. Луѓето кои ја имаат се плашат дека во одредени ситуации нема да можат да најдат помош, без разлика дали станува збор за туркање во гужви или останување сам дома.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg