Раскошниот живот на 21-годишната принцеза на Грција (фото)
Принцезата Марија Олимпија стекна огромна слава откако во јули го прослави 21-от роденден со раскошна, луксузна забава на која присуствуваа повеќе ѕвезди, дизајнери и кралски членови.
Со нејзините модни избори и патувачки авантури на Инстаграм собра над 120.000 следбеници.
Марија е најстарата од петте деца во семејството и е единственото женско. Родители ѝ се крунисаната принцеза Мари-Шантал и Павлос, крунисаниот принц на Грција.
Моментално живее во Њујорк и студира фотографија.
https://www.instagram.com/p/8ebi-ynOQB/
А, кога не е зафатена со испити, работи како модел.
https://www.instagram.com/p/BQ_Gr_fDJNE/
Нејзиниот именик е полн со добро познати имиња, гардероберот ѝ е преполн со дизајнерска облека, а на забавите секогаш е во првите редови.
Секое лето се труди да се врати на корените и да помине неколку недели на одмор во Грција.
https://www.instagram.com/p/5PumR0nOXf/
Нејзините Инстаграм фотки сведочат за прекрасниот живот кој го живее оваа 21-годишна убавица:
М. Д. | Црнобело