Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 клучни особини на луѓето со висока емоционална интелигенција

Емоционалната интелигенција ни помага подобро да ги процениме луѓето околу нас, но и ни овозможува добро да ги анализираме сите наши одлуки.

5-kluchni-osobini-na-lugjeto-so-visoka-emocionalna-inteligencija-01.jpg

Според истражувањата, луѓето со повисока интелигенција се поуспешни на работното место и остваруваат подлабоки пријателски и љубовни врски.

Ова се нивните 5 клучни особини по кои се издвојуваат од другите:

Отворени се

Емоционално интелигентните луѓе се отворени за нови идеи, настани и сè што е надвор од нивната комфорна зона. Ги слушаат и ги почитуваат мислењата на другите, и тогаш кога се различни од нивните.

Покажуваат интерес за светот околу нив без никакви предрасуди.

Прифаќаат критика

Луѓето со високо ниво на емоционална интелигенција ретко се лутат, а тоа се должи на нивната самодоверба. Знаат да прифатат конструктивна критика и да признаат каде згрешиле.

Тоа им помага уште повеќе да созреат и да бидат подобри и поуспешни личности.

Ги слушаат другите

Емоционално интелигентните луѓе се одлични слушатели. Знаат како да ги ислушаат другите и да останат сконцентрирани.

Тие секогаш се трудат да дадат добар совет, но и да научат нешто што ќе им помогне во иднина.

5-kluchni-osobini-na-lugjeto-so-visoka-emocionalna-inteligencija-02.jpg

Не им е проблем да се извинат

Поради нивната самокритичност, на овие луѓе не им е тешко да се извинат. Свесни се дека сите грешат и немаат потреба да покажуваат его или да се прават попаметни од другите.

Не бараат изговори и секогаш преземаат одговорност за своите постапки.

Не се плашат да бидат искрени

Емоционално интелигентните личности даваат разумен суд за луѓето и ситуациите околу нив, но секогаш остануваат искрени.

Тие се објективни и тактични кога треба да ја соопштат вистината и пред нешто да кажат, размислуваат на кој начин да го направат тоа за да не навредат нечии чувства.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 необични факти како луѓето ја одржувале хигиената во претходните векови Постојат докази дека уште Неандерталците користеле чепкалки за заби, но и дека в...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 лоши навики кои се, всушност, добри за вас Знаете ли дека озборувањето помага да создадете поголема блискост врска со луѓет...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg